Во време на немирни случувања – од трагедиите што нѐ потресоа, до инспиративните акции што нè потсетија на солидарноста – нашата мисија останува иста: да креираме платформи за свест, култура и отпор кон неправдите.

Во 2025 година видовме како граѓанскиот глас може да стане песна („„Револуционерни песни за 21. век“), како природата и младите животи можат и да биде уништени и да се бранат (Кочани, Крива Река, Дошница), и како идентитетот мора секојдневно да се чува и да се негува. Во исто време, научивме и дека борбата за подобра иднина е невозможна без креативност, технологија и заедничко дејствување.
Арно.мк продолжува со својата улога: да поврзува луѓе, да отвора прашања, да создава алатки, да нуди знаење и да поттикнува акција. Од нашите групи и иницијативи, преку истражувачките и критички текстови, до новите културни и еколошки проекти – остануваме таму каде што се брани правдата, каде што се замислува подобар свет, и каде што Македонија е повеќе од збор: тоа е чувство, тоа е иднина што ја создаваме заедно.
Ова е дел од текстовите и нашите акции во 2025 година со кои се залагаме правдината и подобро утре кај нас и во светот:
- „Револуционерни песни за 21. век“ – првото македонско EP создадено со вештачка интелигенција
- 122 години по Илинден: каде застанавме, каде треба да тргнеме?
- Грета Тунберг во Македонија: ги посети социјалните центри „Тетово“ и „Дуња“, денес на Дошница во активистичка мисија
- Која е цената на американските војни на Блискиот Исток?
- Лекција по хипокризија: за тоа како ЕУ ја учеше Македонија на соживот, додека Грција и Бугарија го негираат македонскиот идентитет, а ЕУ тоне во национализам!
- Три децении во чизми – и еден поглед наназад: патриотско писмо од наш читател
- Напад врз идентитетот: како Европскиот парламент го избриша македонскиот јазик – и што можеме да направиме да го смениме тоа
- „Македонецот“ на Петро Алексовски: сведоштво за прогонетите Македонци од Егејот
- Како Израел стана инструмент на САД во регионалната војна за доминација на Блискиот Исток
- Интернетот како бојно поле: Иран, Starlink и дигиталната одбрана
- Стратешко партнерство или стратешка зависност? Македонија и Велика Британија во нов финансиски сојуз
- Science.mk и Creative.mk отсега на арно.мк
- САД и работната етика во криза: Мајк Роу за тарифите на Трамп, текстилот и заборавената гордост на трудот
- Филмот како активизам: Erin Brockovich (2000) – битка за вода, вистина и правда, низ призма на нашата Крива Река
- Загадувањето на Крива Река: колкаво влијание и до каде може да стигне?
- Воените интервенции на Русија/СССР од 1945 до 2025 година
- Филмот како активизам: Class Action (1991) – корпоративна корупција и борба за правда
- Зошто САД воведе тарифа од 33% на македонскиот извоз?
- Токсично наследство: трајните ефекти од хаваријата во „Тораница“
- Воените акции на американските претседатели од Втората светска војна до денес
- Се што сте сакале да знаете за падот на Либија: хронологија на интервенцијата на НАТО и нејзините последици