Скопски ретро графити: архивски траги од 1990-тите низ архивата на „Фонија“

Во денешната епизода од нашата рубрика „Скопски ретро графити“, се навраќаме на дел од графитите документирани во 26-тото издание на емисијата „Фонија“, која се прикажуваше кон средината на 1990-тите Скопје. Водител на емисијата беше Тошо Филиповски – музички новинар, издавач, истражувач и собирач на музички артефакти, изданија и информации поврзани со македонската рок-сцена.

Графити во СК/МК пред 1990-тите

Во повеќе наврати, во рамките на нашите Графити приказни, се навраќавме на раните траги на графитите во Скопје.

Најстарите познати записи за графити во СК/МК датираат од 1989 година и се објавени во списанието „Културолошки бележник“, издание за култура и уметност на Културолошкиот клуб при УСО „Јосип Броз Тито“ – Скопје. Текстот е на Јане Теохаревски, а фотографиите на Дарко Митревски. Овој материјал претставува еден од ретките зачувани документи за скопската графити сцена пред 1990-тите – период кој и денес останува слабо архивиран.

Подемот во 1990-тите

Иако Скопје се буди со графити уште во доцните 1970-ти – преку панк пароли, навивачки слогани, лични пораки и политички изјави – вистинскиот подем на графити културата, под влијание на американската сцена, се случува во 1990-тите.

Клучен момент е скејтборд бранот во 1995/96 година, кога се формира BIOSQUAD – првата организирана графити екипа во Скопје. Еден од првите и најпрепознатливи тагови од тој период е „Skopje Hardcore“ (SK/HC), инспириран од симболот NYHC (New York Hardcore).

Според Владимир Трајановски, можно е првиот „арт графит“ во Македонија да се појавил уште во 1987 година во Охрид, како дело на екипата COOL BOYS (DTM, GMP, Dazy, Crazy). Постоеле и други изолирани обиди, како оние на групата Зеро од 1985 година, но како формален почеток на сцената најчесто се смета токму периодот 1995/96.

Овие рани фази подоцна беа документирани и на првите дигитални платформи посветени на графити културата во Македонија: risk.com.mk (2000–2004) и comeclean.com.mk (2004–2014).

Архивирање на сцената

На Арно.мк се обидуваме систематски да ја документираме сцената – од нејзините почетоци во 1995 година, кога се појавува првата генерација сериозни цртачи, па сè до 2025 година – преку нашиот Графити времеплов.

Графити застапени во емисијата „Фонија“

Во продолжение ги прикажуваме графитите прикажани во емисијата „Фонија“, меѓу кои има и бројни значајни примери од значајни екипи како BIOSQUAD, Имбец, како и познати пораки кои сме ги гледале во 1990-тите, тагови и слогани што ја отсликуваат енергијата, бунтот и визуелниот јазик на тој жив период во македонската алтернативна сцена:

Fear is your only GOD со водителот на емисијата „Фонија“, Тошо Филиповски
Тазе белите ѕидови ни се слабост – „Новите дечки“
Sex-revolucija vo koja samo nevinite prolevaat KRV!
No TV Sketch – Discharge телевизија ви претставува!
I (LOVE) TRACY LORDS
USE (condoms)
„О, НЕ!“
Distinct Face
BIO SQUAD – Ne ja budete zorata
Мали огласи: Мењам личен опис!
VIRGO
(маска)
Toxic School
MISERY
IDIOT
t.n.t. for the bro?
MOLOTOV
Графит на BIOSQUAD
SKATE
Fear is your only GOD
Days of Chaos (RB)
Showtime (Cool Kids екипа) ’99
BOO (RB) ’96
Држ ме мајко, не ме давај
Државата скапо ја плативме, но сега никој не ни прима рекламации – „Молотов“
И’ треба ли потстанар на вашата глава?
Среќни коцки („Се топам!“)
STINK (D.C.) ’99
Cream Busters (WR)
Зошто го сторив ова? Ѕидот е невин!
Art is not crime!
Графити како позадина на најавните шпици во емисијата „Фонија“

Од другите епизоди од емисијата „Фонија“застапени на Македонскиот музички архив на Тошо Филиповски, издвојуваме неколку графити кои се користени како позадина за најавните шпици, како познатиот графит на првата женска цртачка екипа во СК/МК, „Имбец“ (1997) – и тоа пред да биде завршен, што е многу вреден архивски момент!

Епизода: don’t who one in a cage
Епизода: The Clowns
Графитот на Имбец откако е завршен во 1998

Овие записи не се само визуелна носталгија, туку и вреден архивски материјал, како сведоштва за едно време, една генерација и еден град што низ ѕидовите го барал својот глас.


Му благодариме на Тошо Филиповски за споделеното видео и за најавената поддршка во идното архивирање на графити од 1990-тите.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *