„Револуционерни песни за 21. век“ – првото македонско EP создадено со вештачка интелигенција

Ова не е албум од големите студија, со спонзори и реклами. Ова е EP составено од пет песни, создадено од луѓе што едвај наоѓаат сила да опстанат во секојдневието. Несудената Б-страна можеби некогаш ќе излезе, можеби никогаш – тимот на Арно.мк толку смогна сили. Утепани од реалноста, од политиката, од еколошките катастрофи, од нездравиот живот и од непросперитетот – толку можевме.

Всушност, е чудо што порталот воопшто постои и создава нешто. Во услови без финансии, без поддршка, напојуван единствено од тврдоглавост и лудачка упорност да се прави нешто. Но зошто? За која подобра иднина? Ќе смениме ли нешто?

Не. Зашто средствата за промена се во рацете на политичарите, а нив ги интересира само сопствениот профит. Ние сме само штрафови. И можеби ова што го правиме ќе остане единствено како сведоштво – дека постоела свест, постоела желба за промена, постоеле идеи. За жал, тие засега се само тоа – идеи.

Она што го прави ова EP особено значајно е фактот дека се работи за првото EP во македонската музика создадено со помош на вештачка интелигенција. Песните се изработени со Suno, анимациите со MidJourney, а видеата со CapCut.

Овој проект е доказ дека технологијата може да стане сојузник на активизмот, креативноста и отпорот. Идејата, концептот и текстот на песните се на Арно.мк.

Песни од EP-то:

  1. „Ѓубрето владее!“Отпадна Свест
  2. „ЕУ хипокризија“Блок 27
  3. „За што се криви реките?“Пукнат Систем
  4. „New Fox Ghetto“Реонски Фронт
  5. „Град на кладилници“ – Неонски Рани

Пет траки, пет удари во ѕидот на рамнодушноста. Пет документи на време во кое луѓето се изморени, но сè уште имаат глас. „Град на кладилници“ ја отвора темата на кладилниците како нови храмови на зависноста и безнадежноста, симбол на уништените животи и изгубената иднина. Со оваа песна, EP-то станува уште посилен протестен документ – сведоштво дека градот, државата и луѓето сè уште бараат надеж и промена.

Ова е нашето мало чудо – „Револуционерни песни за 21. век (бунт, отпор и активизам)“, првото македонско EP создадено со вештачка интелигенција.

Целата плејлиста можете да ја преслушате тука.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *