„Помалку пластика“ е нова група од тимот на „Иницијатива за ослободување од еднократна пластика“ и „Арно.мк“.

Фокусот на „Помалку пластика“ е:
- Да се спречи прекумерното создавање на отпад;
- Да се споделат одржливите алтернативи на еднократната пластика;
- Да се излезе од стапицата на индустријата за пластика и други еднократни производи;
Зошто? Еве зошто:
- Во ек на климатска криза индустријата беспоштедно ги троши ресурсите
- Со користењето на еднократни производи ние сме соучесници;
- Пренатрупани сме со пластика од секаков вид. Пластични шишиња, чаши, лажички, садови, кеси, амбалажи и други пластични непотрепштини.
- Фрлената или запалена пластика ѝ нанесува штета на природата и на нас.
Што сакаме? Да поттикнеме индивидуално и колективно залагање за:
- Исфрлување на еднократна пластика од употреба
- Алтернативни практики за повеќекратна употреба
- Одговорна употреба и реупотреба
- Вршење притисок врз надлежните за закони за забрана на еднократна пластика и нивна примена.