Човек кој бил парализиран по повреда на ‘рбетниот мозок, можел повторно да оди со помош на имплант на „дигитален мозочен мост“.
Докторите прикачиле еден уред на делот од мозокот кој го контролира движењето, а друг на неговиот ‘рбетниот мозок. Потоа желбата на неговиот мозок да чекори напред се пренесува како електричен сигнал во ‘рбетниот мозок кој му го овозможува тоа.
Имплантот е прв од ваков вид кој ги поврзува мозокот и ‘рбетниот мозок со два уреди кои пренесуваат електрични сигнали. Оваа процедура му овозможува на човекот да ја трансформира својата мисла за чекор напред во акција која ги движи неговите нозе.
Неверојатен пробив во науката!