Парадоксот на Моравец, именуван по пионерот на вештачката интелигенција и роботиката Ханс Моравец, дава фасцинантна перспектива на полето на AI (вештачка интелигенција).
Според него „спротивно на традиционалните претпоставки, расудувањето бара многу малку пресметување, но сензомоторните и перцептивните вештини бараат огромни пресметковни ресурси.“ Ова е значајно на полето на AI и роботиката.
Со еден збор, она што е лесно за нас е тешко за AI/роботите и обратно!
Што значи тоа практично? Сложените компјутерски програми непречено се справуваат со задачи како што е анализа на податоци, она што за човекот е напорно. Но, истите овие машини би се мачеле со навидум едноставни активности како навигација по калдрмата на Старата скопска чаршија или берење зрела пиперка на поле во Струмица.
Овој парадокс нагласува една клучна точка за нас: нашите човечки вештини, особено оние усовршени во предизвикувачки услови, се непроценливи. Тоа е потсетник дека иако постојано напредуваме во технологијата, вештините што ги развивме – приспособливост, креативност и вештина за импровизација – се она што не прави единствени и незаменливи.

Што може да научиме од парадоксот на Моравец?
Овој парадокс сугерира суштински нешата – дека вештините кои често ги занемаруваме и ги земаме здраво за готово, како способноста да се движиме низ сложената социјална динамика, да поправиме машина со ограничени алатки или да создадеме убавина со едноставни средства, не се само вредни, туку и извонредни.
Значи, овој парадокс нека биде потсетување и инспирација. Додека ги прифаќаме технолошките достигнувања, да ги славиме и негуваме нашите изразито човечки вештини – оние сложени, убави способности што нè прават нас и нашата сакана земја, навистина уникатни.
Парадоксот на Моравец е застарен?
Сепак, ако сме искрени мора да признаеме дека Парадоксот на Моравец е формулиран во 1980-тите и дека од тогаш многу работи се сменети. Со напредокот на вештачката интелигенција таа се повеќе се доближува до човечките способности, а потрагата по AGI (Општа АИ) е се поблиску до целта.
Машините/АИ денес можат да прават се повеќе работи кои порано не можеле и се доближуваат до човечките способности во правењето на оние „за нас лесни нешта“. А ние си останавме исти…