Точка

 Што е точка | Архива на настани | Графички материјали |

 



Постколонијалниот дискурс и разбирањето на Балканот 
Интердисциплинарна конференција со Гајатри Чакраворти Спивак 
7 - 8 јули 2003, Скопје


На 7-8 јули 2003 по речиси тригодишни договори успеавме да ја донесеме светски познатата теоретичарка Гајатри Чакраворти Спивак. Повод за нејзиното доаѓање беше книгата што излезе во издание на Темплум и регионалната конференција што по тој повод се одржа. Спивак е една од највлијателните културни и книжевни теоретичари која предава на Колумбија Универзитетот во Њујорк и на разни други академски институции низ целиот свет. Нејзините интервенции во поглед на деконструктивистичката, марксистичката, феминистичката, психоаналитичката и историографската проблематика се нашироко познати, цитирани и коментирани. Очекуваме книгава, како и конференцијата за постколонијализмот, да дадат значаен импулс за преиспитување на македонскиот и балканскиот контекст од аспектите на постколонијализмот, пред сè, но и од бавногоречкиот феминизам и сосема заборавениот марксизам кај нас.

Резимеа и биографии на учесниците

Фрагменти од дискусијата на конференцијата Постколонијалната критика и разбирањето на Балканот, Скопје, 7 Јули 2003 година

Од промоцијата на книгата Постколонијална критика од Гајатри Спивак, Точка, Скопје, 8 јули 2003)

за Гајатри Чакраворти Спивак

 

 
 Контрапункт | Точка | Слевање на маргините | Маргина | Галерија |