Точка

 Што е точка | Архива на настани | Графички материјали |

 


Што е точка?



Новиот Културен центар Точка е отворен на 06.11.2006 година


Точка
се наоѓа во Скопје, на улицата Климент Охридски 15, зад Соборниот храм.

Културниот центар Точка работи секој ден од 10 до 22 часот (недела: од 12 до 20)... За разлика од порано, во рамките на Точка функционира и кафе дел, каде што дури на две маси е дозволено и пушење! Имаме и колачи и голем избор на чаеви! Дозволено прелистување на дневни и неделни весници! Книжарницата во моментов има околу 1000 наслови...

Што е Точка?
Точка би требало да прерасне во огледална слика од која ќе се одбива културниот аутизам на привилегираните "национални" центри.

Слевање на маргините во точка



Културниот центар Точка
постои од  29
мај 2002 година

Центар

Центарот
веќе не стои цврсто. А, од една децентрирана перспектива, можеме да претпоставиме дека "маргиналното" и она што го нарекувам "екс-центрично" (во класата, расата, полот, сексуалната ориентација или потеклото) добива ново значење во светлината на имплицираното сфаќање дека нашата култура навистина не е хомоген монолит. Поимот на отуѓена другост (заснована врз бинарни опозиции што кријат хиерархија) отстапува пред поимот за разлики, кој не ги афирмира централизираните истости, туку децентрализираната заедница - уште еден постмодерен парадокс. Нагласено е локалното и регионалното, наспроти големото информационо село за кое Маклуан можел само да сонува. Културата (со големо К и во еднина) станала култури (без голема буква и во множина).

(...)
Но, треба да се внимава на тоа маргиналното да не се претвори во нов центар. Според Баргин, исчезнале апсолутните гаранции објавени од страна на најважните метафизички системи. Единствените сигурности што ги имаме се "позициони", а тие се изведени од сложената мрежа на локални и можни услови.

(
Линда Хачион)



 

 

 

 
 Контрапункт | Точка | Слевање на маргините | Маргина | Галерија |