Слевање на
маргините и Точка
Културниот центар
Точка
(НВО Контрапункт)
ја започнува
својата
нова фаза
во промовирањето
на начелата
на културна
децентрализација,
наречена
Слевање
на маргините.
Овој проект
е продолжение
на претходниот,
Ширење
на маргините
(2000 - 2002), кој
за своја
база го
имаше
списанието
Маргина,
а за
своја
цел го
имаше
спроведувањето
не само
на интелектуалната
децентрализација
на земјата
туку и
на теренска,
најнепосредна
социјална
и културна
акција
(реализирани
низа разговори,
изложби,
промоции,
кампањи
во повеќе
градови
низ Македонија).
Новата
фаза ќе
биде ориентирана
кон интегративните
културни
фактори,
кон артикулирање,
проникнување
и проткајување
на разликите.
Патувајќи
низ внатрешноста
на земјава
и организирајќи
изложби,
дебати,
промоции,
претставувајќи
ги луѓето
од провинцијата
во Маргина,
сфативме
дека е
потребна
и работа
во поинаква
насока:
луѓето
од внатрешноста,
но и
луѓето
од странство,
да имаат
шанса
да ја
презентираат
својата
работа
во Скопје.
Таа активност
сосема
скромно
би го
намалила
чувството
на културен
провинцијализам
што владее
во нашиот
главен
град, но
и би
ги зајакнала
позициите
на луѓето
од внатрешноста
и нивната
самодоверба,
збогатувајќи
ја културната
и креативната
различност
не само
во земјата
туку делумно
и во
регионот.
Како ургентни
ги гледаме
потребата
од поврзување
и потребата
од децентрализација.
Она
за што
се залагаме
е широка
и ефикасна
дистрибуција
на културни
производи,
стимулирање
и поддршка
на помалите
локални
и индивидуални
културни
проекти;
вклучување
и поголемо
учество
на различните
полови
и етнички
групи
во општествениот
живот.
|