Резимеа и биографии
на учесниците
Обрад Савиќ предавал
Историја на социјалната теорија и
Социјална филозофија на
Универзитетот во Белград (1979 - 2000) и
како посетувачки предавач на речиси
сите универзитети во поранешна
Југославија (универзитетот на
Љубљана, Универзитетот на Сараево,
Универзитетот на Приштина). Одржал
предавања и на многу универзитети во
САД и Европа: Универзитетот
Колумбија, Универзитетот Корнел,
Колеџот Бејтс, УСМ, Университетот
Дрексел, Универзитетот Стамфорд,
Новото училиште за општествени
истражувања, Државниот универзитет
на Охајо, Институтот за технологија
Рочестер, Универзитетот Берген,
Универзитетот на Осло, Универзитетот
на Милано и Универзитетот на
Копенхаген.
Уредник ена многу теориски списанија:
Теорија, Филозофски студии,
Текст и на магазинот Белградски
круг.
Уредил и објавил неколку колекции и
книги: Philosophical
Reading of Freud (1988), European
Discourse of War (1995), Politics
of Human Rights,
Verso Press, London (1999), Charles
Taylor: Invoking Civil Society (2000), Richard
Bernstein: Responsibility of the Philosopher (2000), The
Balkans as a Metaphor,
MIT Press, Mass. (2002). Објавил над
сто есеи и текстови, преведува на:
англиски, француски, германски,
италијански, дански и грчки.
Членува во Филозовското друштво на
Србија, Психоаналитичкото здружение
и Здружението за естетика на
Словенија.
Тој е еден од основачите и сегашен
претседател на НВО Белградски круг.
За време на комунизмот (1975-1985) бил
активен член на Дисидентската група
од Белград. Од 1992 година е активен во
Организацијата на независните
интелектуалци, Белградскиот круг.
По 21 година предањање на
Белградскиот универзитет бил
суспендиран, а во мај 2000 гонина и
отпуштен од факултетот поради
политички причини.
Моментно работи на книгата
Модернитетот и смттта: Раѓањето на
една нација оддухот на криминалот (Modernity
and Death: The Birth of Nation out of the Spirit of Crime).
Работи и на долготрајниот проект, Вратете
ни го универзитетот!, во рамките на
НВО Белградски круг; а соработува со
Трансрегионалниот центар за
демократски студии (од Graduate
Faculty, New School for Social Research, New York, U.S.A.)
на проектот Семинари за демократија
2001/2004.
Балкан или само-колонизација
РЕЗИМЕ
Реконструкцијата на создавањето на
терминот Балкан може да ни покаже
дека Балкан како ОЗНАЧУВАЧ постепено
ја губи ДИРЕКТНАТА ВРСКА со
ОЗНАЧЕНОТО. По рамнотежата меѓу
означувачот и означеното во рамките
на Балканскиот дискурс (фаза на
ГЕОГРАФСКО Откритие) се наоѓаме во
состојба на нерамнотежа или
демаркација меѓу означувачот
(Балканскиот дискурс) и означеното
(фаза на ИСТОРИСКА и ЛИТЕРАРНА
конструкција). Имено, на почетокот на
20-тиот век, терминот ‘Балкан’
засилено почна да се полни со
политичка конотација! Во последните
фази беше создаден терминот ‘БАЛКАНИЗАЦИЈА’
(“Клеинстаатереи” - систем на
мини држави) со негативна смисла:
процес на државна фрагментација! И
двата термина прпаѓаат на речникот
на ПОЛИТИЧКИ НАВРЕДИ. Така Балканот
стана СИМБОЛИЧКИ СИНОНИМ за
злоупотреби, летаргија, корупција,
неодговорност и што уште не.
Сузана Милевска (Битола, 1961),
куратор во Музејот на град Скопје и
теоретичар на современата уметност и
визуелната култура. Од 2001 година
докторски кандидат на Колеџот
Голдсмит (College
Goldsmiths).
Ја превела и напишала предговор кон
книгата Мамузи - стиловите на Ниче
од Жак Дерида (Табернакул, 1993).
Уредник е на три книги: Pluralia
Tantum (1993), (The
Image of the Other) Сликата и
другоста (1999) и (Capital
and Gender) Капитал и род (2001) и
на Македонската селекција во (East
Art Map) Источна уметничка мапа
(2002). Нејзини текстови се вклучени во
антологиите: Primary
Documents
(MoMA, New York, 2002), Kunst
Nach Ground Zero (Dumont, Cologne, 2003) и Cultural
Territories
(GFZK, Leipzig, 2004) и во повеќе
зборници на француски, англиски и
германски јазик, а објавува и во
многу меѓународни уметнички
списанија: Index,
Nu, Springerin, Flash Art, Contemporary.
Учествувала на 30тина меѓународни
конференции и куратор е на повеќе од
50-тина изложби во земјава и
странство.
Насловот на текстот за
конференцијата Постколонијалистичкиот
дискурс и разбирањето на Балканот е:
За балканската гостољубивост во
времето на “Апсолутно
постколонијалното”
РЕЗИМЕ
Главното прашање што сакам да го
разработам е предрасудата за
балканската гостољубивост и итноста
за нејзино преоценување во времето
на глобализацијата. Постои неизбежна
потреба за повторно разгледување на
клишето според кое гостољубивоста е
вткаена во културните обичаи на
балканските народи. Особено по
големата бегалска криза од 1999 година,
кога по изјавата на локалниот
политичар на ДА Васил Тупурковски
дека “Македонците не им дале ни вода
на бегалците”, терминот ‘гостољубивост’
во кој сите дотогаш веруваа без да го
искусат, се повампири.
Предизвикувачкиот настан што
послужи како пресвртница, предизвика
потреба од редефинирање на етиката
на гостољубивоста, на нејзините
граници во смисла на тоа што Дерида
го нарекува ‘неусловена/безусловна
гостољубивост’.
Никола Гелевски, главен и
одговорен уредник на списанието за
интеграции и различности Маргина.
Директор на издавачката куќа Темплум,
претседател на здружението на
граѓани Контрапункт, во чии рамки
работи културниот центар Точка.
Пишува колумни, теориски текстови и
проза.
Книги: Светулки и мракови (прилог
кон една критика на медиумите, 2002), Призрак
против Сенка (проза, 1994), Речник...
(проза, 1993); стрип: Лабрис (во
соработка со Ацо Станковски); автор и
организатор на уметничкиот проект Сурогати
(2002-2005)
Насловот на текстот за
конференцијата Постколонијалистичкиот
дискурс и разбирањето на Балканот е:
Историјата како анамнеза и амнезија
РЕЗИМЕ
Традиционалното сфаќање според кое
помнењето го одразува она што
навистина се случило, а историјата го
одразува помнењето, денес изгледа
премногу едноставно. И историјата и
помнењето денес сè повеќе
изгледаат проблематично. Сеќавањето
на минатото и пишувањето за него веќе
не изгледаат толку невини чинови,
како што некогаш се сметало. Како што
вели Питер Берк, ни сеќавањата ни
повестите веќе не делуваат стварно.
Во обата случаи, се навикнуваме дека
мораме да водиме сметка и за свесниот
или несвесниот избор, за толкувањата
и искривувањата. Во обата случаи,
изборот, толкувањето и искривувањето
се општествено условени. За нив не е
одговорен само поединецот. Во
дословна, физичка смисла, помнат
поединците. Меѓутоа, општествените
групи одредуваат што е "достојно
за помен" и како тоа ќе биде
запаметено. Нашите обреди и празници
се своевидни оживувања на минатото,
тие се чинови на сеќавање, но исто
така се и одраз на желбата минатото
да се толкува на одреден начин и
помнењето да се обликува. Тие во
секоја смисла ре-презентираат нешто
за колективот.
Елизабета Шелева (Охрид, 1961),
компаративист, литературен и
културолошки аналитичар, наставник
по предметот: Теорија и методологија
на проучувањето на книжевноста, шеф
на Катедрата за општа и компаративна
книжевност при Филолошкиот факултет
во Скопје, од 2001 год. Предавач на три
летни школи за постдипломци ХЕСП во
1999, 2000 и 2001 год. Го води курсот Феминистичка
литературна теорија на школата за
Род и политика, при институтот
Евро-Балкан. Уредничка на Наше
писмо, весник на Независните
писатели на Македонија, од 1998 год.
Преведува теориска литература од
англиски јазик (последно дело, Проблеми
со родот од Џ. Батлер, 2002 г.).
Објавила 5 авторски книги: Компаративна
поетика (1996), Книжевно-теориски
студии (1997), Од дијалогизам до
интертекстуалност (2000), Културолошки
есеи (2000), Заробеници на денот
(е-книга), Отворено писмо (студии
за македонската литература и
култура), 2003.
Мируше Хоџа 1968, Скопје. Пишува
научни трудови есеи и критики.
Докторирала на тема Транскултурните
техники на актеровиот внатрешен
развој: пример на суфиската практика,
на Загребскиот Универзитет. Работи
како асистент на филолошкиот
факултет во Скопје и во
Универзитетот на Јужноистична
Европа во Тетово.
Дуалистичката перцепција и
неоколонијалистичкиот идентитет
РЕЗИМЕ
Начинот на којшто хиерархиите биле
создадени и генерирани во модерноста
влијаеле во создавањето на модерниот
идентитет и неговата нишка што води
до неоколонијалистичкиот идентитет.
На Балканот го живее (во мигов) токму
ваквиот неоколонијалистички
идентитет.
Сенка Анастасова
Кожички на културниот идентитет
(постколонијални дискурси)
РЕЗИМЕ
Прашањето за културниот идентитет
како епидерм е прашање што постојано
се лупи и со сиот свој еластицитет
умее да се обновува. Тоа
претпоставува долг процес на
испитување и набљудување на самиот
себе, на сопствената разлика,
сослушување на себеси и изненадување
од себеси, претполага подготвеност и
одговорност на поединецот да се
"движи", да оценува, да анализира
во заедницата на којашто припаѓа.
Кожичката како метафорична спрега на
заштита и отпор, како пора која лачи
порив и ја изложува, ја покажува
сопствената разлика, го
"заживува" организмот.
Културниот идентитет има право да
излезе од својата кожа и да влезе во
нов објазикуван идентитет. Секое
отворање е ризик, но и континуирана
желба за исполнување на својот долг,
да се "распара" кожичката за да
се 'подаде' плодот. Културниот
идентитет како ‘распрскана’ кожа го
бара континуирано својот Дом, со цел
да се следи самиот себеси вон
вакуумот, во скад со себе - секогаш
одново да се потврдува.
|