Слевање на маргините

 Што е слевање | Архива на настани | Графички материјали |

 

 

СЛЕВАЊЕ НА 
МАРГИНИТЕ - ЕТАПА 1

четиридневен маратон на културни настани на Културниот центар Точка и издавачката куќа Темплум



Од од 24 - 27 декември 2003 година се одржа четиридневниот маратон на активности на Културниот центар Точка (НВО Контрапункт - издавачката куќа Темплум), наречен Слевање на маргините - етапа 1. Овие случувања беа своевидно резиме, но и евалуативно, критично согледување отворено за јавноста на она што сме го изработиле во изминатиов период откако започна нашиот проект Слевање на маргините, кој има за цел промоција на културата на интеграции и различности. Нашата идеја беше да ја збогатиме еуфоричната новогодишна атмосфера со културен објектив кој се состоеше од следниве настани:

24.12.2003 , Културен центра Точка, Скопје
Изложба на Гордана Вренцоска, Преписка

25.12.2003 , Спомен куќа на Васил Главинов, Велес
Изложба на Атанас Ботев, Вид(ови), промоција на проектот Слевање на маргините, промоција на активностите на центарот за современи и јавни уметности Елементи, од Битола

26.12.2003 , Културен центар Точка, Скопје
Разговор на тема Алтернативна географија - допири и оддалечувања, учесници: Елизабета Шелева, Иван Додовски, Жарко Трајаноски, Марко Петрушевски, Роберт Алаѓозовски, Никола Гелевски

27.12.2003 , Културен центар Точка, Скопје
Промоција на шест изданија на книгоиздателството Темплум: Списание Маргина бр. 62, Едгар Алан По, Маска на црвената смрт, Роберт Луис Стивенсон, Д-р. Џекил и Мистер Хајд, Светлана Слапшак Женски икони на XX век, Дејан Јовиќ Причините за распаѓањето на СФРЈ, Кетрин Кејв и Крис Ридел, Нешто Друго - сликовница

 
 Контрапункт | Точка | Слевање на маргините | Маргина | Галерија |