25.12.2003
Велес, Спомен куќа на Васил Главинов:
Александар Ботев, Вид(ови), изложба,
промоција на "Елементи",
Битола, промоција на Маргина 62,
промоција на проектот "Слевање на
маргините"
|
Во
прекрасната куќа на Васил Главинов,
реновирана и конзервирана од
неодамна, во присуство на повеќе од
триесеттина мештани се одржа
комплексниот настан чија главна
понуда беше изложбата на Атанас
Ботев, "Вид(ови)", како и
презентацијата на групата "Елементи"
од Битола, и се разбира, промоцијата
на најновиот број на Маргина и на
проектот "Слевање на маргините". |
|
|
"Елементи"
одржаа видео презентација на
нивната работа, од нивната
организација на домашни и
меѓународни проекти.
"ВИД(ОВИ)"
е втора самостојна изложба на
Атанас Ботев и се состои од 6
интерактивни графики. Атанас
Ботев е роден 1973 година во Скопје.
Дипломирал на Факултетот за
ликовни уметности во Скопје, во
класата на проф. Костадин Танчев
- Динка. Магистрирал 1999 година на
истиот факултет. Од 2000 г. е член
на Друштвото на ликовни уметници
на Македонија. Учествувал на
повеќе групни изложби.
Сетилото
за вид, поточно културната
детерминираност на видот, како и
проблемите на перцепцијата, се
главната преокупација на Атанас
Ботев во неговиот најнов проект
наречен Вид(ови). Започнат
уште во 2002 година како серија на
графики кои пред се ја
истражуваа визуелноста на
различните знаци кои се
употребуваат во тестовите за
определување на диоптријата,
проектот Вид(ови) постапно
прерасна во истражувачки проект
кој резултираше и со извесни
парадоксални откритија за
визуелната култура. Со своите
интерактивни графики Ботев
симулира тест за одредување на
диоптријата. Истовремено, тој
внесува и измислен тест со
ќирилични знаци бидејќи открива
дека, и покрај тоа што
ќириличното писмо е нашата
културална дифферентиа
специфица, таков тест воопшто не
се користи во локалните
офталмолошки ординации.
Парадоксот што во офтамолошките
ординации во Македонија се уште
се користат латинични знаци (и
покрај тоа што кириличните знаци
се формулирани токму на тлото на
Македонија уште во текот на
деветтиот век н.е. од страна на
словенските просветители Кирил
и Методиј како најадекватно
писмо за означување на локалниот
јазик), го испровоцирал авторот
на преиспитување на овој феномен |
|
|
|