ГОРДАНА
ВРЕНЦОСКА - ПРЕПИСКА, изложба
24.12.2003, Културен центар Точка |
Круцијалниот
елемент во најновиот проект на
Гордана Вренцоска, насловен како Преписка
е комуникацијата, односно размената
на информации. Во случајов
коресподенцијата/преписката се
разгледува во нејзиниот негативен
аспект, како строго деловен процес,
без дијалог, како еднострано
испраќање информации. |
|
|
Авторката
во овој проект, за разлика од
досегашните во кои ги решава
личните дилеми, се јавува како
катализатор на колективните
пораки. Во овој свој комплексен
проект Вренцоска ја изразува
својата критика на глобалното и
на локалното. Разгледниците
преку кои се врши деконструкција
на пораките, укажуваат на
стратегиите за губење на
индиивидуалноста на смислата,
облиците на нејзината размена и
потрошувачка, вредностите,
значењата. Прикажувањето е
засновано на цитирање, монтажа,
колаж, симулација; целиот проект
изобилува со асоцијативни
објекти-симболи, иконички и
параиконичк, знаци и метафори, а
нагласените поп-артистички
формални решенија (асамблаж, реадѕ-маде)
повторно се во служба на
критиката на консумеризмот.
ГОРДАНА
ВРЕНЦОСКА
Родена 13.05.1973 година во
Виница, Р.Македонија. Средно
уметничко училиште завршила во
Скопје, отсек применет текстил.
Дипломирала 1997 година на
Факултетот за ликовни уметности,
отсек сликарство, насока модно
креирање.
Самостојни изложби:
1996 Моден
перформанс во
склоп на Годишната студентска
изложба на ФЛУ
1999 Пробивање
изложба на компјутерски графики,
CIX галерија
при Сорос центар за современи
уметности.
2000 Бескрајна
приказна
просторна инсталација, ЦИЏ
галерија при Сорос центар за
современи уметности.
2002 Ноктурнус
слики-цртежи, ЦИЏ галерија
при Сорос центар за современи
уметности.
2003 Преписка,
слики, цртежи, објекти, Културен
центар Точка
Учествувала на 25 групни
изложби во Македонија и
странство.
e-mail:
gvrenco@yahoo.com
|
|
|
|