Слевање на маргините

 Што е слевање | Архива на настани | Графички материјали |

 

 

ПРОМОЦИЈА НА ШЕСТ ИЗДАНИЈА НА ТЕМПЛУМ
27.12.2003, Културен центра Точка

Во едицијата Магма ги објавивме книгите Чудниот случај на доктор Џекил и мистер Хајд од Роберт Луси Стивенсон и Маската на црвената смрт (избор раскази) од Едгар Алан По.



Фокусот врз поделената личност и потсвесните нагони на злото кои се посилни од силата на доброто ја овозможуваат постојаната популарност на Чудниот случај на д-р Џекил и мистер Хајд. Оваа книга стана не само класично дело туку и икона на популарната култура, според која досега се снимени и дваесеттина филмови.

Маската на црвената смрт, од Едгар Алан По донесува избор од девет раскази на овој мајстор на краткиот расказ. Книгата започнува со расказот Украденото писмо во кој се даваат некои од основните елементи на детективскиот расказ. Во изборот, покрај расказите во кои доминираат готските елементи, се застапени и раскази кои ги даваат поттиците за развојот на фантастиката како специфичен книжевен жанр.

Во едицијата 20/21 век ги објавивме книгите на Светлана Слапшак Женски икони на XX век и на Дејан Јовиќ, Причините за распаѓањето на СФРЈ. Женски икони на XX век претставува интересно, субверзивно и провокативно читање на некои од доминантните "икони" на жените во XX век. Причините за распаѓањето на СФРЈ со научно популарен стил, со употреба на архивски извор и историска граѓа на читателите им ги образложува идеолошките, економските, етничките, културните и правните причини поради кои Југославија како идеократска творба - изумре.

Во својот последен (62) број, од списанието Маргина е поделен во осум темати: Што со уметноста, Дебата околу причините за распаѓањето на СФРЈ, Мишел Фуко, Простори, Глобализација, Јехуда Амихај, Ингеборг Бахман, Современ британски расказ, Хуан Миро.

во сабота, на 27 декември, со почеток во 20 часот, во Културниот центар Точка (ул. Илинденска бр. 38) ќе се одржи промоција на шест нови изданија на издавачката куќа Темплум: Чудниот случај на доктор Џекил и мистер Хајд од Роберт Луси Стивенсон, Маската на црвената смрт (избор раскази) од Едгар Алан По, Женски икони на ЏЏ век од Светлната Слапшак, Причините за распаѓањето на СФРЈ од Дејан Јовиќ, сликовницата Нешто Друго од Кетрин Кејв и Крис Ридел и 62-от број на списанието Маргина.

Фокусот врз поделената личност и потсвесните нагони на злото кои се посилни од силата на доброто ја овозможуваат постојаната популарност на Чудниот случај на д-р Џекил и мистер Хајд. Оваа книга стана не само класично дело туку и икона на популарната култура, според која досега се снимени и дваесеттина филмови.

Маската на црвената смрт, од Едгар Алан По донесува избор од девет раскази на овој мајстор на краткиот расказ. Книгата започнува со расказот Украденото писмо во кој се даваат некои од основните елементи на детективскиот расказ. Во изборот, покрај расказите во кои доминираат готските елементи, се застапени и раскази кои ги даваат поттиците за развојот на фантастиката како специфичен книжевен жанр.

Книгите на Светлана Слапшак е своевиден поп-лексикон кој опфаќа 60 одредници, од Агата Кристи, Брижит Бардо, Ана Мањани, преку Фрида Кало, Гертруда Штајн, Марлена Дитрих, Марија Кири, сè до Валентина Терјешкова и Вилма Рудолф. Но, внатре има приказни и за цвеќето, чоколадата, воланот, цигарите, лудоста, машината за шиење, љубовните романи...

Причините за распаѓањето на СФРЈ со научно популарен стил, со употреба на архивски извор и историска граѓа на читателите им ги образложува идеолошките, економските, етничките, културните и правните причини поради кои Југославија како идеократска творба - изумре.

Сликовницата Нешто Друго на графички моќен начин, преку една интересна приказна, зборува за другоста и начинот на кој таа може да се прифати и со тоа да претставува сериозен пат за себепрочитување и откривање.

Во својот последен (62) број, од списанието Маргина е поделен во осум темати: Што со уметноста, Дебата околу причините за распаѓањето на СФРЈ, Мишел Фуко, Простори, Глобализација, Јехуда Амихај, Ингеборг Бахман, Современ британски расказ, Хуан Миро.

 
 Контрапункт | Точка | Слевање на маргините | Маргина | Галерија |