Колку навистина е лошо во Македонија? – анализа што ќе ве изненади

Научени сме да се го критикуваме ентитетот наречен „држава“ во секоја прилика. Таа ни е виновна за се! Според некои истражувања, Македонците се најнесреќен народ во регионот. Но, дали е тоа реално?

Во време кога многумина од нас често се жалат на стандардот и животот во Македонија, една подлабока анализа открива дека реалноста можеби и не е толку мрачна како што понекогаш ја претставуваме. Всушност, кога ќе се земат предвид сите фактори, Македонија нуди бројни предности кои често ги земаме здраво за готово.

За момент да ги оставиме настрана фактите за загадувањето (за кои имаме зборувано многу пати) и да ги разгледаме другите мерила.

Здравствена заштита достапна за сите

“Платив само 6 евра за магнетна резонанца на клиника. Мојот роднина во САД за истата услуга платил 1.200 долари, и тоа со здравствено осигурување”, споделува Марко С. од Скопје. Ова не е изолиран случај – во македонскиот здравствен систем, со основното здравствено осигурување кое чини околу 15 евра месечно, граѓаните имаат пристап до широк спектар на здравствени услуги со минимални доплати:

  • Магнетна резонанца: 5-10 евра (САД: 1,000-2,500 долари)
  • КТ-скенирање: 5-10 евра (САД: 500-1,500 долари)
  • Специјалистички преглед: 3-5 евра (Германија: 50-100 евра без осигурување)
Образование без големи трошоци

Образовниот систем во Македонија, и покрај своите предизвици, останува исклучително достапен:

  • Целосно бесплатно основно и средно образование
  • Универзитетско образование со годишни школарини од 200-600 евра (споредено со 20,000-50,000 долари во САД)
  • Субвенционирани студентски домови (50-100 евра месечно)
  • Бесплатни учебници
  • Пристапни цени за градинки (25-35 евра месечно)
Енергетска достапност

Државата порано со субвенции покриваше околу 90% од реалната цена на електричната енергија. Од јуни 2024 е променет начинот како функционираат. Наместо државата да му дава пари на ЕСМ за да ја покрие разликата помеѓу пазарната и малопродажната цена (што се нарекуваше “субвенција”), сега ЕСМ директно продава поевтина струја по државен налог – крајниот резултат е ист (граѓаните плаќаат пониска цена од пазарната), само што веќе не се нарекува официјално „субвенција“ и не се прикажува на сметките. Без оваа поддршка, сметките би биле на нивото на оние во Германија или Швајцарија. Дополнително:

  • Просечна месечна сметка за струја: 30-50 евра (Германија: 160-200 евра)
  • Греење на дрва: 65 евра по метар кубен
  • Цени на горива значително пониски од европскиот просек
  • Субвенционирано централно греење
Семејна поддршка – непроценлива предност

Можеби најзначајната, а често занемарена предност на животот во Македонија е силната семејна поддршка. “Да не беа бабите и дедовците да ни помагаат со децата и финансиски, многу потешко ќе врзевме крај со крај”, вели Ана П., мајка на две деца од Скопје.

Оваа културна карактеристика носи повеќе предности:

  • Бесплатна грижа за децата од страна на бабите и дедовците
  • Заеднички домаќинства што овозможуваат поделба на трошоците
  • Емотивна и финансиска поддршка од поширокото семејство
  • Помош при градење/купување дом
  • Пренесување на животни вештини и традиционални знаења
Споредбена анализа на трошоците

Да видиме како изгледа сево ова преку бројки.

Месечни трошоци

СтавкаМакедонијаГерманијаШвајцаријаСАД
Струја30-50 EUR160-200 EUR180-220 EUR150-200 USD
Здравствено осигурување15 EUR300-500 EUR350-450 EUR400-800 USD
Градинка25-35 EUR200-300 EUR800-1000 EUR600-1200 USD
Јавен превоз20-30 EUR70-90 EUR100-150 EUR80-120 USD

Годишни трошоци

СтавкаМакедонијаГерманијаШвајцаријаСАД
Универзитет200-600 EUR500-1500 EUR1200-2000 EUR20000-50000 USD

Социјални бенефиции

СтавкаМакедонијаГерманијаШвајцаријаСАД
Платено породилно9 месеци 100%12 месеци 65%14 недели 80%Неплатено
Годишен одмор20-26 дена24-30 дена20-25 дена10-15 дена

Други трошоци

СтавкаМакедонијаГерманијаШвајцаријаСАД
Ручек во ресторан5-10 EUR15-25 EUR25-35 EUR15-30 USD
Кафе во кафуле1-1.5 EUR3-4 EUR4-6 EUR4-5 USD
Дополнителни предности
  • Пониски цени во угостителството (кафе 1-1.5 евра, ручек 5-10 евра)
  • Достапно свежо овошје и зеленчук
  • Пристапни цени за културни настани
  • Помали трошоци за јавен превоз
  • Поевтини комунални услуги
Заклучок

Иако платите во Македонија се пониски од европскиот просек, комбинацијата на државни субвенции, пристапни основни услуги и силна семејна поддршка создава систем кој овозможува пристоен квалитет на живот. Предизвиците несомнено постојат, но кога ќе се земат предвид сите фактори, животот во Македонија нуди уникатна комбинација на модерни погодности и традиционални вредности што многу развиени земји веќе ги немаат.

„Откако се вратив од Германија, сфатив колку работи овде земаме здраво за готово“, заклучува Стефан М., кој работел во Минхен три години. „Таму имав поголема плата, но на крајот од месецот ми остануваше помалку отколку тука. А за семејната поддршка и топлината на народот да не зборувам – тоа е нешто што со пари не се купува!“

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *