Во последните две децении, војните предводени од САД на Блискиот Исток и Авганистан директно довеле до директна смрт на милион луѓе, а индиректно и на неколку милиони, и ја чинеле американската држава околу 5,8 трилиони долари.
САД и понатаму трошат повеќе на својата армија од кој било друг на светот – тројно повеќе од Кина и седум пати повеќе од Русија. Во 2024 година, американскиот воен буџет изнесувал речиси 997 милијарди долари, што е 37% од глобалното воено трошење.
Парадоксот во сето ова е што САД не е во директна војна (ниту има објавено војна) со ниту една држава во светот, но во моментов индиректно учествува во 7 војни: Украина, Јемен, Сирија, Сомалија, Палестина (Хамас), Либан (Хезболах), Иран, па дури и Мексико (нарко-војна).
Човечкиот биланс на војните предводени од САД
Според податоците на Watson институтот на Универзитетот Браун, американските војни од 2001 година наваму довеле до директна смрт на околу 940.000 луѓе во Авганистан, Ирак, Сирија, Јемен и други зони на конфликт.
Ако се вклучат и индиректните жртви (поради глад, болести, уништени здравствени системи), бројката расте на 4,5 до 4,7 милиони загинати.
За време на тие конфликти загинале и најмалку 30.000 американски војници, изведувачи и сојузнички војници.

Економскиот товар
САД досега имаат потрошено околу 5,8 трилиони долари за војните што ги воделе од 2001 година. Овој износ вклучува:
- $2,1 трилиони директни трошоци на Пентагон
- $1,1 трилион за внатрешна безбедност
- $884 милијарди за зголемување на основниот буџет на армијата
- $465 милијарди за здравствена грижа на ветерани
- $1 трилион за камати на долговите за финансирање на војните
И покрај тоа, американските даночни обврзници ќе продолжат да плаќаат. Очекуваните трошоци за идната грижа за ветераните во следните 30 години изнесуваат најмалку уште 2,2 трилиони долари, со што вкупната сметка за војните од 2001 година би достигнала 8 трилиони долари.
Финансирањето на израелските војни
Израел е најголемиот примател на американска помош, добивајќи над 251 милијарди долари од 1959 година досега. Во последната деценија, САД му доделуваат по 3,8 милијарди долари годишно според меморандумот за разбирање кој важи до 2028 година.
Но, по нападите од октомври 2023, Вашингтон додели и дополнителни 17,9 милијарди долари воена помош за Израел, најголема годишна сума досега. Ова вклучува:
- $6,8 милијарди за воено финансирање
- $4,5 милијарди за противракетна одбрана
- $4,4 милијарди за пополнување на израелските резерви со оружје од американските складишта

Цената на израелската војна во Газа
Според Министерството за здравство во Газа, заклучно со 24 јуни 2025:
- Загинале најмалку 56.077 Палестинци
- Ранети се најмалку 131.848
- По кршењето на прекинот на огнот од страна на Израел на 18 март 2025, дополнително се убиени најмалку 5.759, а ранети 19.807
Или се што кажавме до сега, во една табела.
Трошоци и последици од војните предводени од САД (2001–2025)
Категорија | Проценка (USD) / Жртви | Белешки |
---|---|---|
Директни трошоци за војни (2001–2025) | 5,8 трилиони долари | Трошоци на Пентагон, внатрешна безбедност, ветерани, камати |
Очекувани трошоци за ветерани (до 2055) | 2,2 трилиони долари | Идни обврски за здравствена и социјална грижа |
Вкупен очекуван трошок (2001–2055) | 8 трилиони долари | Се вклучени сегашни и идни трошоци |
Директно убиени војни (2001–2025) | ~940.000 лица | Афганистан, Ирак, Сирија, Јемен, други зони на конфликт |
Вкупни загинати (директно + индиректно) | 4,5–4,7 милиони лица | Вкл. загинати поради глад, болести, уништен здравствен систем |
Американска помош за Израел (1959–2025) | 251 милијарди долари | Вкупна помош од почетокот на програмите |
Годишна помош за Израел (2016–2025) | 3,8 милијарди долари годишно | Мем. за разбирање (до 2028) |
Додатна помош по октомври 2023 | 17,9 милијарди долари | Воена помош за Израел по нападот од 7 октомври 2023 |
Загинати во Газа (до 24 јуни 2025) | најмалку 56.077 лица | Според Министерство за здравство – Газа |
Ранети во Газа (до 24 јуни 2025) | најмалку 131.848 лица | Според Министерство за здравство – Газа |
Загинати по кршењето на прекинот на огнот | најмалку 5.759 лица | Од 18 март 2025 до 24 јуни 2025 |
Ранети по кршењето на прекинот на огнот | најмалку 19.807 лица | Од 18 март 2025 до 24 јуни 2025 |
Што мислите, дали е доста?