Се обидовме со помош на Вештачка интелигенција (Dall-e и Midjourney) да направиме слики во стилот на Дирер, но се соочивме со пречки. Сепак, custom GPTs ни дојдоа на помош. Дознајте како „MJ Image Reverse Prompt“ на нашиот Владимир Карер GPT ни помогна да создадеме прекрасни слики во стилот на дрворез инспирирани од Дирер.
Кој е Албрехт Дирер?
Албрехт Дирер, ренесансен уметник со потекло од Германија, е познат по неговиот исклучителен придонес во светот на уметноста во доцниот 15-ти и почетокот на 16-тиот век.
Секој кој студирал графика морал да учи за него и да го имитира неговиот совршен стил на гравирање кој тешко се репродуцира, но е задолжителен за совладување на техниките.
Се обидовме со Dall-e да создадеме дрворез во стилот на Дирер
Ние се обидовме со помош на генеративна вештачка интелигенција, Dall-e кој може да се користи во рамките на ChatGPT, да го репродуцираме неговиот стил. За да му помогнеме на ChatGPT, аплоадиравме една од најпознатите слики на Дирер. Се работи за дрворез насловен едноставно како „Носорог“ од 1515 година.

Потоа го замоливме ChatGPT врз основа на оваа слика да го дефинира стилот на Дирер и да создаде слична графика со коњ, наместо носорог. Дефиницијата на стилот која ја добивме беше оваа:
„Носорогот“ на Албрехт Дирер е дрворез кој се карактеризира со впечатлив црно-бел контраст, сложена линија што ја имитира текстурата на кожата на носорогот и тактилен, текстуриран изглед. Стилот на Дирер го спојува реализмот со декоративни елементи типични за ренесансните принтови од почетокот на 16 век.
Потоа го замоливме самиот да си создаде промпт со кој ќе го упати Dall-e да ја создаде сликата. Го добивме ова:
Создади детална слика на величествен коњ во стилот на дрворез од 16 век, со техника на Дирер. Користи прецизни линии, драматична светлина, украсени цветови во позадина и контрасти за да ја нагласиш анатомијата на коњот. Долови го изгледот на резбано дрво и печатената текстура.
Dall-e почна со процесирање и го добивме ова:

Одлична имитација на дрворез, но не во стилот на Дирер. Бевме заглавени.
Што вели Midjourney?
За среќа, тука е Midjourney! Да се обидеме таму, со сличен промпт? Се знае дека Midjourney е многу поинтуитивен за разлика од Dall-e и затоа едноставно му кажавме: „Коњ во стилот на дрворез на Албрехт Дирер од 1500-тите“ и го добивме ова:

Ни блиску! Бевме заглавени, но тогаш на помош ни дојде повторно ChatGPT, т.е. custom GPTs.
Што се custom GPTs и како со нивна помош направивме слика во стилот на Дирер?
Пред неколку дена OpenAI ја отвори продавницата за GPTs, a тоа значи дека секој што има ChatGPT Plus може да креира сопствени верзии на ChatGPT кои комбинираат инструкции, дополнително знаење и каква било комбинација на вештини.
Нашиот Владимир Карер веднаш се фати за работа и го создаде „MJ Image Reverse Prompt (img-to-text)“. Што прави овој GPT? Едноставно му аплоадирате слика и тој ви прави reverse prompting, т.е. ви дава текстуален промпт кој потоа можете да го искористите во Midjourney за да создадете слика во тој стил.
Се обидовме со познатиот носорог на Дирер и го добивме ова: „Илустрација во дрворез на носорог со детални текстури и кожа налик на оклоп, потсетувајќи на уметничкото дело на Албрехт Дирер од 1515 година, високи детали, историска уметност“. Ок, се обидовме со тој промпт и го добивме ова:

Океј не е Дирер, но прилично е слично, а и кул, нели? Потоа, задоволни од резултатот, направивме уште неколку експерименти со замена на носорог со коњ, човек, мајмун и мечка, волк и македонски рис. Уживајте!





