На Mесечината има еден куп оставени летала без екипаж од страна на СССР и САД, како и неколку летала кои биле со екипаж. Зошто не можеме да ги видиме од Земјата?
Навистина, телескопот Хабл може да види галаксии оддалечени со милиони светлосни години, а не може да види неколку детали на нашиот најблизок вселенски сосед Месечината? Токму тоа е одговорот – не може.
Хабл и телескопите на Земјата не биле дизајнирани за таква прецизност. Резолуцијата која може да ја постигнат е далеку од посакуваните 4 метри на пиксел колку што е потребната резолуција за да препознаеме еден пиксел кој би претставувал едно летало.
Но што е со поставување сателит во орбитата околу Месечината? Тоа е направено во 2009 со LRO (Lunar Reconnaissance Orbiter) и од него се добиени сликите како оваа, на кои се гледаат и трагите на возилата.
