Графити и возила – симбиоза на уметност и урбано движење

На улиците, уметноста ретко стои мирно. Понекогаш е на бетонски ѕид, но понекогаш – на каросерија. Иако во графитите постои непишано правило дека врз возилата не се пишува, тие кои се прикажани тука се хаварисани возила.

Графитот и возилото се среќаваат таму каде што се кршат нормите, каде што уметноста станува подвижна, а бунтовноста добива тркала.

Во најновата тематска галерија на Графит.мк ви претставуваме избор на фотографии кои го документираат оваа урбана спрега: графити на коли, велосипеди, комбиња, мотори, велосипеди, па и сцени каде возилата се случајни или намерни сведоци на уличната уметност.

Сликите се избрани од нашата архива на објави – благодарност до сите членови на групата што со години го граделе овој визуелен запис!

Галеријата е достапна на Графит.мк.

Графити врз возила
Графити и стенсили на хаварисан автомобил кај преминот кај Фонд за здравство кон гимназијата Корчагин (Фото: Брано Прља)
Графит на Дредпен на комбе, паркрано на улица Париска во Тафталиџе (Фотографија: Небојша Гелевски – Бане)
Графити на напуштен автобус во Стар Дојран
Цртеж врз цистерна за цемент (Автор и фото: Дамир Ујкановиќ)
Дредпен – на аголот на Никола Парапунов и Илинденска (Фотографија: Небојша Гелевски – Бане)
SnowBoarding Комбе кај Порта Влае (Фото: Трајан Трајановски)
Вутар на комбе кај Порта Влае (Фото: Трајан Трајановски)
ПСЖ графит врз камион на улица Скупи во Скопје (Фото: Небојша Гелевски – Бане)
Графити кои прикажуваат возила
Motozip Car Wash (Автор и фото: Драган Милованов)
Графит на полициско возило во Ново Лисиче (Фото: Бранко Прља)
Реклама за авто сервис на Јужен булевар, спроти продавницата ,,Душогупчани“ (Фото: Гоце Тунтев)
Лимената ограда на црквата Свети Константин и Елена во Скопје (Фото: Гоце Тунтев)
Графити и возила како сцена
ЛОПОВ на оградата на паркингот спроти хотелот Холидеј Ин, Скопје (Фото: Гоце Тунтев)
Punck is dead графит на гаражите позади салон ,,Охридија“ во Охрид (Фото: Гоце Тунтев)
Spleen, возило и ѓубре под надвозникот на Бул. Србија (Фото: Бранко Прља)
Стенсил и фото на Горан Ристовски 2013-14 во Струга со мотор како дел од сцената
Познатиот паг и парола „Хив Словени“ карши Соборен Храм (Фото: Марина Костова)
Графит „Те сакам“ и автобус на ЈСП (Фото: Небојша Гелевски – Бане)
Busk, Rubik графити и тротинет на задната страна на зградата кај Рекорд (Фото: Гоце Тунтев)
Графити на стаклото на задниот дел од блокот каде што е сместен Францускиот културен центар и мотор (Фото: Гоце Тунтев)
Me againt the world графит со тортинет што „ѕирка“ во Порта Влае (Фото: Ана Чупкова)
CEYS RUBIK OSTIK графит на Кејот на Вардар со верниот велосипед сведок на графитите (Фото: Бранко Прља)
ЕБСФ графит до Партизанска со велосипед (Фото: Бранко Прља)
ЕБСФ графит со велосипед во Маџари (Фото: Бранко Прља)
ЕШТ графит (сега веќе не постои) зад Bikemarket (Фото: Бранко Прља)
ЗИП графит со велосипед во сенка (Фото: Снежана Василевска)
Зорк со велосипед (Фото: Бранко Прља)
Повик до членовите на групата Графит.мк

Имате и вие фотографија на графит со возило?
– Дали некој е исцртал таг на кола во маало?
– Дали велосипед стои покрај графитиран ѕид и изгледа како композиција?
– Дали некое комбе служело како платно за спреј?

Споделете во групата Графит.мк!

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *