Македонскиот јазик е неисцрпен извор на креативност. Денес ви претставуваме алатка која ќе ви помогне да го истражите од еден поинаков агол – преку создавање анаграми.
Како дел од нашата колекција на јазични алатки на Арно.мк, овој генератор на анаграми ви овозможува да откриете нови зборовни комбинации и да се забавувате со богатството на нашиот јазик.
За алатката: Генератор на анаграми
Генераторот на анаграми е интуитивна веб апликација која ви овозможува да откривате нови зборови преку прередување на буквите од даден збор или фраза. Едноставно внесете збор и ќе добиете листа на сите можни комбинации.
Практичeн пример

- АВИОН → А, ВИНО? → А, ВОИН? → АВНОИ → АНОВИ → ВИНА, О! → ВИНО, А? → О, ВИНА! → НАВОИ → НИВОА
Зборовите може да се употребуваат во различни комбинации и со додавање на интерпункциски знаци што создава интересни поетски игри.
Но, не треба да се претерува со бројот на буквите. Зошто?
Број на можни комбинации
Број на букви (n) | Можни комбинации (n!) |
---|---|
1 | 1 |
2 | 2 |
3 | 6 |
4 | 24 |
5 | 120 |
6 | 720 |
7 | 5,040 |
8 | 40,320 |
9 | 362,880 |
10 | 3,628,800 |
Внесување на зборови со 7-8 букви може значително да ја забави или закочи апликацијата поради огромниот број на можни комбинации. Со 10 букви се добиваат повеќе од 3 милиони можности, што бара значителна процесорска моќ!
Како да ја користите
- Отворете ја апликацијата
- Внесете збор или фраза
- Копирајте ги добиените анаграми со кликање вр нив
Посетете ги нашите други апликации за креативно експериментирање со зборовите:
Панграм проверувач | МК Fortune Cookies | Генератор на македонски поговорки | Збороколаж | Хаику проверувач | Генератор на азбучен расказ | Генератор на благослови или клетви | Букволовка | Проверувач на палиндроми