Дилемата на Хајзенберг!

Можеби ви е познато презимето Heisenberg од култната серија Breaking Bad, но презимето е позајмено од научникот Werner Heisenberg.

Се работи за контроверзен научник со сомнителни морални вредности, но воедно и автор на еден од најпознатите принципи во физиката – принципот на несигурност (1927) кој продрел во популарната култура на ист начин како „мачката на Шродингер.“

Принципот во основа вели дека не можеме да ја одредиме положбата и брзината на една честичка во исто време затоа што таа има двојна природа која го оневозможува ова, а самиот чин на мерење ја менува честичката.

Ако ова ве збунува, погледнете го видеото подолу кое ја сумира целата приказна која предизвикала револуција во светот на квантната физика.

Но, што е со нашиот Хајзенгерг од серијата Breaking Bad? Серијата се поигрува со човековата желба да биде еден „актуелизиран човек од пирамидата на Абрахам Маслов“ или „суштество кое тежнее да се оствари онакво какво што навистина е“, според Kurt Goldstein, но најдобрата дефиниција ја дава Carl Rogers според кој самоактуелизацијата е остварувањето на она чувството кое го имаме за „себството“, независно од општествените или моралните норми.

Тоа не доведува до проблематичен заклучок кој може да оправда секакво дејствие на индивидуата, што е тезата на серијата, а секако и објаснување зошто главниот лик го зема името Хајзенберг, како брилијантен научник со сомнителни морални вредности.

ПС: На истата тема е интересна улогата на хемичарот Fritz Haber кој имал голема улога во создавањето на вештачките ѓубрива кои се вклучени во производството на храната за половина од човековата популација, чин кој спасил милиони животи од глад. Истовремено овој научник се смета за „таткото на хемиското војување“, чин кој одземал милиони животи. Науката не е едноставна, друштво!

2 thoughts on “Дилемата на Хајзенберг!

  1. $$$$$$$$$$$$$$$$$$$$$$
    $$$$$$$$$$$$$$$$$$$$ Сега пишувам нешто за Хајзенберг и другите типови што се бавеле со
    $$$$$$$$$$$$$$$$ честичките и ми излезе написов ваш. А Хајзенберг за честичката вика,
    $$$$$$$$$$$$ тука е, во овој простор (Албукерки) ама никогаш не може да се одреди каде
    $$$$$$$$ точно е. Затоа нашиот Хајзенберг го земал тоа име, не заради моралните
    $$$$$ вредности на Вернер Х.
    $$ А ова лево е новата пирамида на Маслов.
    $ Инаку ја често ја читам често вашава страна. Поздрав

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *