Блејд Ранер некогаш и денес – по кој редослед да го гледате серијалот во исчекување на „Blade Runner 2099“?

Дали сте знаеле дека Блејд Ранер е франшиза и не се состои само од двата најпознати филмови? По кој редослед да ги гледате? Дали се остварија предвидувањата на оригиналниот филм? Постои ли македонски Блејд ранер? Филмот е според книга, но дали постои и книга според филмот? Дознајте ги одговорите во овој текст.

Блејд ранер некогаш и денес

Знаеме што претставува Блејд Ранер денес, но што претставуваше тој филм во „наше време“? Тогаш за овој култен филм се зборуваше многу по интелектуалните кругови (читај „Багдад-кафе“). Интелектуалците од 1980-тите и 90-тите (за разлика од денешните „гикови“) не ја сакаа научната фантастика, но го сакаа Блејд Ранер, зашто тој беше повеќе од само СФ филм според култна книга.

Се работеше за уметност, нео-ноар филм со одличен филмски саундрак, визионерска технологија, уметничко ремек-дело кое го популаризираше киберпанкот и реплики кои останаа во умот на генерациите, како познатата „Tears in Rain“ реплика.

Денес Блејд Ранер наликува на серијал (franchise) од видот на Бетмен, Спајдермен или Ѕвездени војни, што веќе е неопходно да се направи една помошна листа за гледање на филмовите, сериите и анимираните филмови кои произлегоа од првиот филм.

Како да ги гледате филмовите од франшизата?

Едно е сигурно, Блејд Ранер филмовите треба да се гледаат хронолошки и ако ги собереме сите на купче, тоа би изгледало вака:

бр.медиумизлезенописдејствие
1Blade Runner*1982оригиналниот филм2019
2Blade Runner Black Out 2022**2017краток анимиран филм2022
3Blade Runner Black Lotus***2021анимирана серија2032
42036: Nexus Dawn**2017краток филм2036
5Soldier***1998„спиноф“ филм со друго дејствие2039
62048: Nowhere to Run**2017краток филм2048
7Blade Runner 20492017филм како продолжение на оригиналниот2049
8Blade Runner 2099?серија во продукција2099

* Тука спаѓаат и The Director’s Cut (1992) и The Final Cut (2007)** Сите три куси филмови се претходници (prequels) на Blade Runner 2049 *** Овие два може да се гледаат назависно.

Но, тоа не е се! Кој ги сака видео игрите може да ги проба и:

1Blade Runner1997видео игра со друго дејствие2019
2Blade Runner Revelations 2018продолжение на серијалот2023

Дали се остварија предвидувањата на филмот за 2019 година?

Дејствието во Blade Runner се случува во ноември 2019 година, но колку овој филм добро ја прогнозирал иднината?

Да видиме: летечки коли – не, андроиди кои се толку човеколики што мора да ги „ловат“ со ангажирање на т.н. blade runners – не. До сега слабо.

Но, што мислите за визијата на еден свет кој е управуван од корпорации, а околината не се негува туку се искористува и заменува со вештачки објекти? Тоа е веќе поблиску до денешнината.

Сепак, филмот е прилично стар, од 1982 година, а заснован е на култниот роман на Филип Дик „Дали андроидите сонуваат електрични овци“ од 1968.

Заради овој филм многу луѓе го засакале жанрот Film Noir, дури пред филмовите како Sunset Boulevard или Double Indemnity, класици на жанрот. Се истакнуваат елементите како карактерот на femme fatale (или во случајов android fatale), раскажување од страна на главниот лик, изразено користење на сенките како во црно-белите филмови и јунак кој е со сомнителен морал градат достоен примерок на филмската уметност – која ја има сѐ помалку.

Но, од друга страна никој не можеше да предвиди дека мобилните телефони ќе имаат посилни процесори од вселенските летала од минатиот век, а во нив ќе биде скриен еден цел свет на можности и зависности. Тие се вистинските „андроиди“ на денешнината.

Што вели за тоа трејлерот на играта „Киберпанк 2077“, излезен во 2019 година кој е заслужен за нејзината првична популарност?

Што се случува со Blade Runner 2099?

Серијата Блејд Ранер 2099 се најавува веќе неколку години, за жал уште не е снимена. Она што го знаеме е дека ќе истражува теми кои потсетуваат на „Прекрасниот нов свет“ на Олдос Хаксли, и веројатно ќе навлезе подлабоко во динамиката на моќта на корпорацијата Валас (според самиот Ридли Скот).

Познатиот режисер има зборувано за продолжување на Blade Runner 2049 уште од излегувањето на филмот во 2017 година, а ТВ серијата доби официјално одобрение во октомври 2022 година.

Повеќе информации тука.

Македонски Блејд Ранер/киберпанк

Блејд Ранер, како прото-киберпанк филм, остави длабок печат на светската култура, па така и на нашата.

Веќе зборувавме за „Врската помеѓу Киберпанк 2077, Џони Мнемоник и Матрикс?“, во контекст на киберпанкот во Македонија. Ја споменавме Маргина бр. 19/20, како и Тротоар бр.12, каде е преведен и анализиран филмот Џони Мнемоник, како и другите Маргини (Маргина бр. 3, 22, 39) во кои киберпанк бил обработен како жанр.

Зборувавме и за македонската научна фантастика во повеќе наврати, но како стоиме кога станува збор за киберпанк под-жанрот? Од филмовите како наследници на овој жанр се истакнува „Збогум на дваесеттиот век!“ од Дарко Митревски, во литературата делото „Реплика.мк“ на Бранко Прља (свет во кој живеат репликанти е само по себе доволна сличности), додека легендарниот Роботек создава електронска музика која може да биде саундтрак на кој било киберпанк филм.

Blade Runner Fandom, ризница на знаење за Blade Runner франшизата

За повеќе информации за серијалот посетете го Blade Runner Fandom, каде што, меѓу другото ќе дознаете:

  • … дека се прикажани седум верзии на филмот Блејд Ранер.
  • … дека поголемиот дел од саундтракот на се појавил по објавувањето на режисерската верзија на филмот во 1992 година.
  • … дека репликантот – биоинженерско или биороботично суштество во филмот Блејд Ранер – го добило името од ќерката на сценаристот Дејвид Пиплс, која го предложила терминот „реплицирање“, што е процес на дуплирање на клетките за клонирање.
  • „Човекот во високиот замок“ (The Man in the High Castle), „Дали Андроидите сонуваат за електрични овци?“ (Do Androids Dream of Electric Sheep?) – книга според која е Blade Runner, Total Recall (Тотален отповик), Minority Report (Малцински извештај) и A Scanner Darkly (Темно скенирање) се филмувани дела на Филип К. Дик. – од вкупно 23 филмови и епизоди од серии!

Дали знаевте?

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *