Арно.мк слави 5 години и продолжува да се бори за поарен свет!

Арно.мк постои 5 години, но дали направивме доволно? Кога го создадовме овој портал немаше пандемија и името на нашата држава не беше сменето. Дали светот денес е поарен од 2019 година?

Како прво, би сакале да се заблагодариме на нашиот провајдер МКхост за тоа што нѐ поддржуваат и се грижат да имаме одличен и брз хостинг!

МКхост: info@mkhost.com.mk | mkhost.com/mk | +389 2 2779 444

Што имаме направено во овие 5 години и што треба да направиме?

Кога започнавме со работа, идејата на порталот беше да пренесуваме кратки вести од различни области кои нам ни се чинат интересни и значајни, пред сѐ од наука, уметност, екологија, образование и слично. Минатата година почнавме интензивно да пишуваме за вештачката интелигенција, иако првиот текст на таа тема на нашиот сајт е од 2019 година.

Но, нашата подлабока идеја беше да изградиме публика и да влијаеме на позитивни промени во општеството. Преку Арно.мк ги промовиравме и нашите проекти за подарување како „Дај, не фрлај“, издаваме бесплатни книги, правиме видеа на македонски јазик за различни интересни нешта, промовираме македонски уметници и слично.

Дали знаевте дека Арно.мк води и група преку која можете да барате мајстори?

Имавме и два неуспешни проекти, т.е. science.mk и creative.mk, први и единствени агрегатори за култура и наука во Македонија, кои добро почнаа, но поради немање интерес, кратко траеја.

Што имаме конкретно направено во овие 5 години?

БЕСПЛАТНИ КНИГИ: Имаме издадено и подарено 15 книги за бесплатно симнување, а Бранко Прља преку нас ги подари сите негови дела за бесплатно читање.

ВИДЕО ЕСЕИ: Го покренавме прашањето „Имаме ли сериозни домашни видео есеи за Македонија?“ и направивме видеа на македонски јазик со помош на вештачка интелигенција, како на пример, за македонските говори, Исак Њутн, Никола Тесла и други.

ВЕШТАЧКА ИНТЕЛИГЕНЦИЈА: Пишувавме и правевме упатства за користење на алатки со вештачка интелигенција, како Realtime Gen на Leonardo.ai, Custom GPT, Midjourney, ChatGPT, Canva, Dall-e, HeyGen, Splashmusic, FAIR Animated Drawings, Open Assistant и многу други.

АЛАТКИ НА МАКЕДОНСКИ: Покренавме прашања (и се обидовме да најдеме решенија) за алатки кои ги нема во Македонија, а се многу значајни, како автоматска транскрипција на македонски јазик, автоматизација на панграми на македонски јазик (се уште немаме вистински панграм на македонски јазик!). Пишувавме за правата на наставниците, учениците и за подобро образование!

Сајт: Панграм проверувач, а изворниот код на програмата можете да го преземете од тука.

ДОМАШНИ САЈТОВИ: Промовиравме домашни сајтови и проекти како aigender.net, Македонска АИ платформа за родовите студии, Логомотива.мк, книжевни читања „Клинци“, Реди рециклажа, Кесанова, Кикфлип фест, СловоКулт, Нихон џи, Самоглас, Слободни реки – слободни деца и други, кои според нас се значајни за нашата култура, екологија и иднина.

Логомотива.мк

ДОМАШНИ КРЕАТИВЦИ И НАУЧНИЦИ: Пишувавме за домашните уметници, музичари, писатели и други креативци, зашто заслужуваат! Пишувавме за пионерската улога на Македонија во роботиката, за развојот на астрономијата во Македонија, како и за некои култни ентитети од нашето блиско културно минато – за да не ги заборавиме! – како Темплум, Маргина, Лифт, Точка

Посетете го сајтот или симнете го плакатот.

МК ИДЕНТИТЕТ ВО ДИГИТАЛНОТО ДОБА: Пред сѐ, се боревме за Македонија и нејзиното признавање, за нашиот идентитет. Тој треба да се сочува со тоа што ќе зборуваме за нашите постигнувања и ќе ги внесеме нашите дејци во новиот век. За таа цел направивме и неколку значајни проекти за внесување на македонските дејци во ерата на вештачка интелигенција, како Горан СтефановскиПетре М. АндреевскиЃорѓи Абаџиев, Ацо Шопов, Тоше Проески, Антон Попов, Крали Марко и други.

Петре М. Андреевски (Paul-Cézanne style)

ЕКОЛОГИЈА: За екологијата во Македонија пишувавме мнооогу и се залагавме за подобрување на состојбите. Во овој текст нема место да се набројат сите објави на таа тема кои се една третина од сите наши текстови. Затоа ви ја препорачуваме нашата книга „25 факти за аерозагадувањето и начини како да го намалиме“, а посетете го и нашиот „Водич низ депониите на Македонија“ или визуелните есеи.

Имаме работено уште многу, но не би сакале да бидеме здодевни, зашто ова не е фалење, ова е потсетник за сите до каде сме и за нас што уште треба да направиме.

Сето ова го правиме зашто ја сакаме нашата земја и сакаме нашите деца да живеат во стимулативна и здрава средина. На здравје годишнина!

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *