Објавен англискиот превод на научнофантастичната новела „До_адната книга“ од Стефан Марковски

Деновиве на Амазон, Bookshop.org, Palace Marketplace, Odilo, cloudLibrary, Borrow Box и други  книжевни платформи беше објавена научнофантастичната новела „До_адната книга“ со апсурдистичко-сатирични и експериментални книжевни елементи од Стефан Марковски, која минатата година ја доживеа и својата објава на македонски јазик.

The Bo®ing Book A Sci-Fi Satire about the Art of Whatever Meaning Can Be.jpg

Новелата, со англиски наслов The Bo®ing Book: A Sci-Fi Satire about the Art of Whatever Meaning Can Be, има динамично дејство кое се развива низ повеќенасочна, сложена и нелинеарно структурирана композиција, подлегнувајќи на постојани и тешко предвидливи пресврти, кои освен што ја одразуваат повеќеслојноста на самата реалност, ја наоѓаат својата улога и како дел од експериментот кој е и централна тема. Една од главните области на овој истражувачки експеримент е развивањето спефицични облици на вештачка интелигенција чијашто цел, покрај другото, е и проучувањето на досадата, наспроти афинитетите и допаѓањата, со цел подлабинско и посеопфатно разбирање на човекот и човечкото преку уште една негова одлика.

Книгата има 134 страници и е достапна во печатена и електронска верзија, вклучувајќи тврд и мек повез, како и Киндл формат. 

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *