Институтот за Родови Студии (ИРС) е еден од првите институти во Македонија кој активно ја применува вештачката интелигенција како корисна алатка во учењето, истражувањето, надоградувањето знаење или едноставно во барањето информации.
Нивниот најнов проект е aigender.net – употреба на вештачка интелигенција за унапредување на родовата еднаквост во академските истражувања. Таму можете да најдете и користите повеќе корисни АИ алатки.
Тие ја имаат изградено платформата за родовите студии која можете да ја пробате тука.

За изработката на платформата е користен Zapier. Повеќе информации тука.
Целта на ВИ Платформата за Родовите студии не е само да ја придодаде вештачката интелигенција кон образовниот процес туку реално да ја интегрира во сите текови и аспекти на наставниот процес, процесот на учење и истражување.
ВИ Платформата за Родови студии (ИРС) е дел и од визиите на Интердисциплинарниот центар за когнитивни науки (ИЦКН), Kогнитивна наука во Република Македонија што заедно, со прерано заминатиот проф Владимир Давчев, се обидуваат да го воспостават како област каде што хуманистичките, општествените и социо-бихејвиоралните науки ќе се сретнат со технолошките и природните науки.
AI Платформа за Родовите студии е независен проект на Институтот за Родови Студии (ИРС) и е дел од активностите за одбележување на 15 години постоење на Институтот за Родови студии. Директно одговорни за проектот се проф. д-р Боби Бадаревски и м-р. Стефан Васев со голема поддршка на проф. д-р Симоновска и проф. д-р Скаловски.
Според нивниот извештај: „Напредокот на технологијата и развојот на вештачка интелигенција отворија нови можност за истражување и анализа на проблемите поврзани со родовите прашања. Институтот препозна дека употребата на AI може да биде силно средство за поддршка на своите активности и за проширување на својот влијание.“
ВИ Платформата Родови студии (ИРС) користи технологија на големи трансформативни модели GPT, и моментално може бесплатно да се користи. Наменета е пред се за студентите на Родови студии, но таа лесно може да се искористи и од студентите од другите студиски програми поради својата опширност.
Платформата може да ја користат и професорите на ФЗФ и пошироко, како дел од обуката за Родова еднаквост во образованието и истражувањето од Акцискиот план за родова еднаквост на УКИМ (ukim.edu.mk) . На тој начин, со оваа ВИ Платформа Почетна Родови студии (ИРС) (zapier.app) Институтот ја извршува обврската од акцискиот план да подготви on line обука и информации за професорите за родовата еднаквост во образованието и науката .