Времеплови: алатка за интерактивно истражување на минатото

Во ерата на дигиталните информации, времепловите се моќна алатка за презентирање на историски податоци на интерактивен и визуелно привлечен начин. Освен тоа, во Македонија „мака мачиме“ со архивирање и точна репрезентација на настани и од поблиската историја. На нашиот портал арно.мк имаме направено неколку уникатни времеплови со кои се обидовме да прикажеме некои позначајни настани од историјата на домашната и светска наука и уметност.

Ова е нашиот избор:

Времеплов низ наградата „Роман на годината” во Македонија
Симни го времепловот тука

Целосна листа на финалистите и победниците на оваа награда од основањето до денес. Листата е инспирирана од овој форум и се решивме да ја направиме поради недостиг на архивски бази и напори во нашата држава.

Времеплов низ развојот на астрономијата во Македонија
Посетете го сајтот или симнете го плакатот.

Го прикажува развојот на астрономијата во Македонија од почетоците во 1949-та година до денес.

Времеплов низ развојот на вештачката интелигенција и роботиката во Македонија
Во поголема резолуција тука.

Ги следи чекорите на нашата земја во областа на вештачка интелигенција и роботиката.

Времеплов низ неверојатната историја на Астрономската опсерваторија во Македонија
Симнете или видете го плакатот во целост тука!

Во изминативе седум децении, Македонија се обидува да изгради астрономска опсерваторија, ова е хронологија на тие настани.

Времеплов на вселенската трка помеѓу САД и СССР
Плакатот на Арно.мк за потребите на групата „Астрономска опсерваторија во Македонија,“ симнете го со подобра резолуција тука!

Дознајте кога започнала вселенската трка, како се одвивала и кога завршила!

Времеплов низ исхраната на луѓето во изминатите 2 милиони години
Преземете во повисока резолуција!

Ја прикажува фасцинантната еволуција на исхраната на луѓето во историјата до денес.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *