Времеплов низ наградата „Роман на годината“

Роман на годината е годишна литературна награда што ја доделува „Утрински весник“ за роман објавен во Македонија. Тоа е не само најзначајна ваква награда кај нас, туку и одлична промоција за наградените автори (и финалисти), чија кариера станува многу поуспешна по овој настан.

По згаснувањето на „Утрински весник“ во 2017 година, конкурсот го распишува Фондацијата „Славко Јаневски“.

Пред вас се наоѓа целосната листа на финалистите и победниците на оваа награда од основањето до денес. Листата е инспирирана од овој форум и се решивме да ја направиме поради недостиг на архивски бази и напори во нашата држава. Направивме и еден плакат, кој можете да го симнете тука.

Листа на победници и финалисти за наградата „Роман на годината“ (1999-2022)

2022 Влада Урошевиќ „Вистинита, но не многу веројатна историја за семејството Пустополски за куќата покрај Вардар и за четирите прстени“ (Арс либрис)

  • Венко Андоновски „Папокот на светлината“ (Три)
  • Живко Грозданоски „Писмо за Глорија“ (Или-или)
  • Томислав Османли „Столб што пее“ (ВиГ Зеница)

2021 Симона Јованоска „Денот на црвот“ (Или-или)

  • Давор Стојановски „Ноќите кога заспивавме во Помпеја“ (Или-или)
  • Ивана Трајаноска „Деса“ (Арс Либрис)
  • Ивица Челиковиќ „Ден за одмазда“ (Паблишер)

2020 Владимир Јанковски „Скриени желби, немирни патувања“ (Антолог)

  • Петар Андоновски „Лето во кое те нема“ (Или-или)
  • Владимир Илиевски „Суво мастило“ (Македоника литера)
  • Жарко Кујунџиски „Сфинга на гневот“ (Антолог)
  • Билјана С. Црвенковска „Куќа над брановите“ (Чудна шума)

2019 Оливера Николова „Песот со тажен поглед“ (Матица Македонска)

  • Снежана Младенова-Анѓелков „Молчи со отворена уста“ (Или-или)
  • Драги Михајловски „Пагански времиња“ (Просветно дело)
  • Михајло Свидерски „Последните денови на Ханс“ (Или-или)
  • Билјана С. Црвенковска „Приказни за госпоѓица Сит“ (Чудна шума)

2018 Николина Андова-Шопова „Некој бил тука“ (Темплум)

  • Петар Андоновски „Страв од Варвари“ (Или-или)
  • Влада Урошевиќ „Маџун“ (Магор)

2017 Фросина Пармаковска „Одбројување“ (Или-или)

  • Бранко Прља „Апокалипса.мк“ (Готен)
  • Игор Станојоски „Диссомнии“ (Антолог)

2016 Давор Стојановски “Собирачи на пепел” (Или-или)

  • Игор Станојоски “Првиот универзитетски ден на мојата ќерка” (Или-или)
  • Ана Стојаноска “Јас и Лин, отпосле” (Блесок)

2015 Петар Андоновски „Телото во кое треба да се живее“ (Или-или)

  • Владимир Јанковски „Невидливи љубови“ (Антолог)
  • Берт Стајн (Бранко Прља) „3 минути и 53 секунди“ (Готен)

2014 Луан Старова „Балканвавилонци“ (МАНУ)

  • Живко Гроздановски „Куфер за тројца“ (Или-или)
  • Игор Станојоски „Гаргара“ (Панили)
  • Фросина Параковска „Вишнова хроника“ (Или-или)

2013 Владимир Плавевски „Јадица“ (Силсонс)

  • Венко Андоновски „Ќерката на математичарот“ (Табернакул)
  • Петар Андоновски „Очи со боја на чевли“ (Кликер)

2012 Митко Маџунков „Птиците од ланските гнезда“ (Три)

  • Лидија Димковска „Резервен живот“ (Или-или)
  • Ермис Лафазановски „Историја на луѓето што умреа од страв“ (Магор)

2011 Снежана Младеновска-Ангелков „Единаесет жени“ (Или-или)

  • Илхами Емин „Огнени птици“ (Три)
  • Владимир Костов „Писание за Страшниот суд“ (Матица)

2010 Душко Родев „Човекот што ги сакаше калинките“ (Македонска Реч)

  • Роберт Алаѓозовски „Готен“ (Готен)
  • Владимир Јанковски „Вечно сегашно време“ (Темплум)
  • Владимир Попов „Наспроти ветрот“ (Култура)
  • Гоце Ристовски „Се гола вода мој Ѓорѓија“ (самостојно)

2009 Томислав Османли „Дваесет и првиот“ (Блесок)

  • Ермис Лафазановски „Недела“ (Магор)
  • Драги Михајловски „Бајазит и Оливера“ (Каприкорнус)
  • Оливера Николова „Белиот чад“ (Или-или)
  • Јован Павловски „Град, луѓе, години“ (Ми-Ан)

2008 Јагода Михајловска-Георгиева „Индиго Бомбај“ (Три)

  • Ирена Јорданова „Помеѓу“ (Или-или)
  • Кица Колбе „Жените Гаврилови“ (Табернакул)

2007 Блаже Миневски „Нишан“ (Макавеј)

  • Гоце Смилевски „Сестрата на Сигмунд Фројд“ (Култура)
  • Димитар Башевски „Братот“ (Слово)
  • Славчо Ковиловски „Опасен сум“ (Темплум)

2006 Кица Колбе „Снегот во Казабланка“ (Три)

  • Венко Андоновски „Вештица“ (Култура)
  • Ермис Лафазановски „Храпешко“ (Магор)
  • Калина Малеска „Бруно и боите“ (Слово)

2005 Пајо Авировиќ „Џахиз и истребувачите на кучиња“ (Детска радост)

  • Божин Павловски „Мирисите на доилката“ (АЕА)
  • Луан Старова „Ервехе“ (Ѓурѓа)
  • Оливера Ќорвезировска „Заклученото тело на Лу“ (Магор)

2004 Оливера Николова „Куклите на Росица“ (Култура)

  • Јагода Михајловска Георгиева „Каменот од твојот ден“ (Култура)
  • Лидија Димковска „Скриена камера“ (Магор)

2003 Милован Стефановски „Изгубен жегол“ (Сигмапрес)

  • Митко Маџунков „Времето на ирвасите“ (Три)
  • Мето Јовановски „Продавница за љубопитните“ (Макавеј)
  • Блаже Миневски „Приказна за третиот“ (Три)

2002 Гоце Смилевски „Разговор со Спиноза“ (Дијалог)

  • Луан Старова „Тврдина од пепел“ (Ѓурѓа)
  • Слободан Мицковиќ „Самоубиецот“ (Култура)

2001 Димитар Башевски „Бунар“ (Слово)

  • Димитрие Дурацовски „Инсомниа“ (Магор)
  • Ермис Лафазановски „Опишувачот“ (Магор)

2000 Венко Андоновски „Папокот на светот“ (Три)

  • Александар Алексиев „Деветте круга на пеколот“ (Сигмапрес)
  • Оливера Николова „Адамовото ребро“ (Матица)

1999 Слободан Мицковиќ „Куќата на Мазарена“ (самостојно)

  • Блаже Миневски Требаше да се сликаме пред да се замразиме“ (Култура)
  • Јован Павловски „Освојување на слободата“ (Ми-Ан)

Архивирањето во одбрана на меморијата и идентитетот

Наградата „Роман на годината“ од 1999-2017 беше организирана од „Утрнински Весник.“ Со замирањето на одредени медиуми, како „Утрински весник“, и статиите поврзани со нив одат во заборав.

Институциите не само што не помагаат, туку честопати и „одмагаат“. Ако сте се обиделе да архивирате некој материјал од НУБ (Национална и Универзитетска Библиотека) на сопствен трошок и време, тогаш сте се соочиле со отпор и незаинтересираност. Решение – да се откажете или скришно да архивирате!?

Архивата на „ЗаУМ“ е за пофалба, како и иницијативите како „Логомотива“, а и на нашиот сајт го спасивме од заборав сајтот на „Контрапункт“ и „Точка“ (значајна културна иницијатива од раните 2000-ти), како и првиот онлајн конкурс за литература во МК, „Електролит“.

Најпознатиот и најзначаен архивар на македонската рок музика, музичкиот новинар Тошо Филиповски, е своевиден модерен Цепенков/Мисирков. За жал, тој нема поддршка од државата и од Министерството за Култура за неговите монументални изданија кои се последица на децении труд. Значи, работата околу следењето/архивирањето на музичката рок (и пошироко) сцена во Македонија е оставена на ентузијазмот на еден човек. Страшно!

Постојат и други иницијативи, исто така најчесто од индивидуи и ентузијасти, додека институциите кои би требало да го прават истото молчат и од 1990-тите наваму напорно работат на инсталирање на новите верзии на Freecel, Solitare, Angry Birds, FarmVille, Subway Surfers, CandyCrush или игри за обложување… што и да е најново во светот на технологијата за пополнување дупки во времето (и просторот)!

Затоа, драги колеги ентузијасти, засукајте ги ракавите и архивирајте ги значајните културни производи и наследства на нашата земја, пред да бидат избришани од историјата.

Во продолжение дел од плакатот кој можете да го видите тука.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *