Учете да станете мајстори – тоа е професија на иднината!

Во скорешната специјална епизода на “South Park: Joining the Panderverse” се обработува една интересна тема – иднината на трудот. Во епизодата, на сатиричен начин, е прикажано како мајсторите стануваат видни, успешни и богати членови на општеството, на сметка на тие кои се занимаваат со интелектуални дејности.

Иако е споредна тема на епизодата, таа е интересна затоа што се занимава со големите измени кои настанаа во пазарот на трудот со развојот на вештачката интелигенција. Голем дел од професиите кои порано биле високо ценети, кои барале години студирање, усовршување и интелектуално вложување – со појавата на генеративната вештачка интелигенција стануваат непотребни.

Програмери и дизајнери бараат работа на улица – на место на кое претходно стоеле имигранти физички работници (од епизодата South Park: Joining the Panderversе)

Веќе зборувавме на темава во повеќе текстови: Иднината на креативните професии – целосно компјутерски создадена уметност! / Историјата и иднината на генеративната вештачка интелигенција (ГенАИ) / Фотограф: „Грешев за АИ, никој не е безбеден!“ / Демократија, етика и перцепција на вистината во време на вештачка интелигенција / Кој се плаши од ChatGPT и DALL-E лош?

Професии кои ќе бидат (или веќе се) целосно (или делумно) заменети со генеративна АИ (поголема резолуција)

Овој список, само неколку месеци откако го направивме може да се надополни со уште десетици (или стотици?) интелектуални професии кои веќе стануваат непотребни. Тоа е иднината (сегашноста), сакале да ја прифатиме или не. Се уште (не за долго) има место за автори кои комбинираат медиуми и во нивната работа вештачката интелигенција е сојузник.

Во свет во кој дури и Сем Алтман – основачот на OpenAI, компанијата која го направи ChatGPT остана без работа – никој не е сигурен!

Останува да видиме дали мајсторите се следните милионери или не. Во меѓувреме, приклучете се на нашата група „Барам мајстор“.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *