Општествен активизам на Арно.мк – среќен Ден на Републиката и за многу години Илинден!

Нашиот портал активно учествува во градењето на свесноста и активизмот во повеќе полиња, пред се на полето на културата, екологијата, уметноста, науката и образованието во Македонија. За таа цел, освен текстовите кои ги пишуваме, апликациите кои ги правиме и акциите во кои учествуваме, преку нашите групи ги поврзуваме луѓето со слични интереси. Некој на друг начин – ние толку знаеме, можеме и си ја сакаме татковината! Ова се тие групи:

и разни други проекти.

Дај, не фрлај

Основана во 2016 година, основната цел на групата е поттикнување на реупотреба (повторна употреба) на предметите, за истите да не завршат на депонии. Членовите (70.000+) преку групата подаруваат сочувани работи на други. Оваа група заедно со 30+ групи клонови кои произлегоа од неа брои над 150.000 членови и стана синоним за подарувањето. Прочитајте повеќе: Утопијата во пракса: „Дај, не фрлај!“ во бројки

Кеса не, благодарам. Торба си носам!

Целта на оваа група е едноставна – помалку најлонски (пластични) кеси! Групата одигра клучна улога во изгласувањето и примената на законот за забрана на кесите. Но, задачата е далеку од завршена, мисијата продолжува на терен, преку ширење на свеста и пријавување неправилност. Оваа група има и поширока мисија, а тоа е целосната забрана на еднократната пластика. Членови: 5.200.

Не фрлај, не загадувај!

Група чија цел е отпадот да заврши каде што треба, не на диви депонии. Освен тоа преку групата се шири свеста за селектирањето и рециклирањето. Преку групата членовите учествуваат во акции за чистење непрописно фрлен отпад, како и пријавување нелегални депонии. Членови: 2.000

Еколошко, евтино, ефикасно!

Заедно со групата „Дај, не фрлај!“ чија грижа е антиконсумеризмот и повторната употреба на предметите за да не завршат на отпад и „Не фрлај, не загадувај“ со идеја тоа што се фрла да заврши на соодветно место и да се селектира – оваа група прави една целина и се залага за помалку консумирање, намалување на користење штетни производи за нас и грижа за околината.

Дај, не фрлај: „Старо купујем!“

Во Скопје имаме ПРОБЛЕМ: Неефикасен систем на селектирање на отпадот и недостаток места за одложување кабасти и други предмети од домот кои не планираме да ги користиме. Целта на оваа група е: споделување информации каде може да се остават предмети кои неформалните собирачи ќе ги земат (особено на места каде нема контејнери за селекција), собирање информации од неформалните собирачи за тоа што точно се селектира, организирање и координирање на неформалните собирачи за подобра соработка со луѓето и обратно

Подобра онлајн настава

Целта на групата е подобрување на онлајн наставата во условите на пандемија, но и независно од тоа, бидејќи се работи за едно трајно вложување во модернизација на образованието. Неформалното образование надвор од институциите е на ниско ниво. Сметаме дека вештачката интелигенција може да ни помогне во надминување на тој проблем. Преку арно.мк активно работиме на збогатувањето на нашата дигитална култура и идентитет. Членови: 1.600

И јас одам со велосипед на работа

Иако со мал број на членови, мисијата на оваа група е јасна – одење на работа со велосипед кога времето и условите го дозволуваат тоа. Зошто? Велосипедот не троши гориво и е еколошки. Велосипедот не загадува, ниту вас, ниту другите и така ќе имаме почист воздух за сите. Возење на велосипед е добро за вашето физичко и психичко здравје. Возењето до многу дестинации со велосипед е побрзо отколку со автомобил, затоа што не заглавувате во гужви и не ја загадувате околината.

Астрономска опсерваторија во Македонија

Целта на оваа група е да се собереме сите заинтересирани за астрономијата, науката, напредокот и подобра иднина на Македонија и на сите нас, кои живееме тука. Да разменуваме знаења, информации, да се поврземе и да дојдеме до реализација – градење на првата модерна и научна астрономска опсерваторија во Македонија по 6.000 години од античката опсерваторија во Кокино. 

Креативна наука 

Најдобри текстови од нашите агрегатори за уметност и наука. science.mk и creative.mk, први и единствени агрегатори за култура и наука во Македонија, кои добро почнаа, но поради немање интерес, кратко траеја. Се надеваме дека ќе ги рестартираме некој ден.

Барам мајстор

Група која навидум не е од нашиот домен, но се обидува да се справи со еден значаен проблем во Македонија. Оваа група е наменета за барање и нудење мајсторски услуги и произлегува од намалувањето на бројот на мајсторите во Македонија. Со намалувањето на квантитетот, се намалува и квалитетот. Во групата се бараат и нудат само одговорни, квалитетни и фер мајсторски услуги. Членови: 7.000+

Графит.мк

Група која има цел да направи архива на графити од Македонија. Графитите се вид на ангажирана уметност, сведожба на едно време и на духот на народот. Преку групата се промовираат графити уметниците и благодарение на неа е започнато првото списание за графити во Македонија „Гррфт, графити магазин“.

Освен тоа, Арно.мк редовно објавува бесплатни електронски книги, и апликации за збогатување на културата и уметноста во Македонија, како некои од овие подоле, па приклучете се и вие!

Тука можете да ги видите нашите јазични алатки.

И гратис калкулатори, како водич за паметни енергетски одлуки!

2025 година

Во време на немирни случувања – од трагедиите што нѐ потресоа, до инспиративните акции што нè потсетија на солидарноста – нашата мисија останува иста: да креираме платформи за свест, култура и отпор кон неправдите.

Во 2025 година видовме како граѓанскиот глас може да стане песна („Револуционерни песни за 21. век“), како природата и младите животи можат и да биде уништени и да се бранат (Кочани, Крива Река, Дошница), и како идентитетот мора секојдневно да се чува и да се негува. Во исто време, научивме и дека борбата за подобра иднина е невозможна без креативност, технологија и заедничко дејствување.

Арно.мк продолжува со својата улога: да поврзува луѓе, да отвора прашања, да создава алатки, да нуди знаење и да поттикнува акција. Од нашите групи и иницијативи, преку истражувачките и критички текстови, до новите културни и еколошки проекти – остануваме таму каде што се брани правдата, каде што се замислува подобар свет, и каде што Македонија е повеќе од збор: тоа е чувство, тоа е иднина што ја создаваме заедно.

Ова е избор на дел од текстовите и нашите акции во 2025 година со кои се залагаме за правдината и подоброто утре кај нас и во светот:

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *