По отворањето на групата за архивирање и споделување графити во Македонија и Скопје, арно.мк ви го преставува (првиот?) магазин за графити на македонски јазик „ГРРФТ магазин“.
Првиот број на магазинот можете да го видите и симнете тука!

Од содржината издвојуваме наслови како „Најпознатите СК/МК графитџии“, „Графити кои ги нема“, „Графити од другата страна на Вардар“, „Најголем графит во Македонија!?“ „Има ли стeнсили во Скопје?“, „Муралот како посвета…“, „Ангажирани графити“ и други.

Што сакаме да постигнеме?
Да документираме графити и да ја архивираме сцената. Сакаме да го осетиме пулсот на градот кој бавно умира пред нашите очи. Можеби и веќе умрел, а она што го гледаме се траги на еден жив мртовец… Графити сцената во Скопје настана во 1990-ти и многу од тие луѓе не се веќе тука. Но, како што повторно заживеа музичката, можеби има надеж и за графити сцената.
Не се занесуваме дека ова е совршено списание, нашата идеја беше да направиме екстензија на групата „Графит.мк“ и неформален фанзин каде ќе споделуваме фотки од графити. Со време можеби ќе имаме и сериозни статии и интервјуа, но за сега – толку за тие опинци!
Уредник на „Гррфт магазинот“ е Бранко Прља, редакцијата ја сочинува Го Це Тунт, графичкиот дизајн е на Капка дизајн, а соработниците се членовите на групата Графит.мк.
Зачленете се во групата и споделете графити и вие, па може ќе се најдете во следниот број на списанието!