Македонски говори: малешевско –пиринскиот дијалект

Направивме едно кусо видео како пример за малешевско – пиринскиот дијалект. Благодарност до познатиот македонски актер Александар Шехтански кој го читаше текстот.

Сликите се генерирани во апликацијата за вештачка интелигенција Midjourney, а видеото е направено во бесплатната апликација CapCut.

Кога работевме на текстов залудно се обидувавме да најдеме аудио или видео примери на интернет од овој вид на говор – и затоа се решивме да направиме кусо видео. Сметаме дека во поновиот македонски медиумски простор, пред сѐ на интернет (медиум кој го користат младите), недостасуваат вакви наменски содржини.

Текстот за видеото и информациите за беровскиот дијалект кои ги пренесуваме подолу се извадени од дипломската работа на Александра Тренчовска „Карактеристики на малешевско –пиринскиот дијалект“ на Филозофскиот факултет во Љубљана, оддел за славистика од 2014 година.

Карактеристики на малешевско–пиринскиот дијалект

Малешевско – пиринските говори/дијалекти спаѓаат во групата на југоисточното македонско наречје. Територијално зафаќа делови од источна Македонија и Пиринска Македонија. На македонското подрачје ги опфаќаат областите на Пијанецот и Малешевијата. Овде спаѓаат говорите на градовите Берово, Пехчево и Делчево заедно со селските подрачја.

Најкарактеристична црта на беровскиот говор е акцентот, кој што е слободен. Постојат два акцентски модели – парадигматски, кој што е најчест и подвижен, кој има неколку типа. Акцентот во овој дијалект има и морфолошка улога.

  • Именките ги чуваат старите множински наставки, како што е –е за м.р.: овчáр – овчáре, кон конé (коњ – коњи) и –ета за с.р.: теле -телéта (телиња), прасе – прасéта (прасиња).
  • Кај глаголите се пази старата морфемска деклинација меѓу глаголите од –е и –и група: бéра-берéш, нóса-нóсиш.
  • Стара појава е и прегласот на /о/ во /е/ во членската морфема за м.р. зад некогашните меки консонанти: кон-кóне, маш-мáже, дрвáр-дрвáре.

Од другите појави во вокалниот систем интересна е појавата на непосреден допир на два или повеќе вокали до која доаѓа најчесто поради губење на некои согласки.

  • Замена на вокалот о кога стои пред л со /ǎ/: вǎк – волк, жǎто – жолто, сǎза – солза, пǎно – полно, вǎна – волна.
  • други рефлекси на вокално /л /: – а: јáбака – јаболко, јáбаќи – јаболки;

АКЦЕНТСКИ КАРАКТЕРИСТИКИ

Најкарактеристична црта на беровскиот говор е акцентот, како по местото на акцентот така и по неговата честа морфолошка улога.

Во беровскиот говор среќаваме зборови во кои бројот на слогови се движи од еден до пет. Акцентот кај именките е ограничено слободен и во повеќето случаи парадигматски. Под ограничено слободен подразбираме дека акцентот може да стои на сите слогови кај именката, освен на првиот слог од крајот на зборот. Под парадигматски подразбираме непроменување на акцентското место низ целата парадигма.

– парадигматски акцент: брáт – брáто – брáтја – брáтјата;

важе – важéто – важéта – важéтата;

балти ја – балтúјата – балтúи – балтúите;

казана рница–казана рницата– казана рници – казана рниците.

Во мал број случаи акцентот може да биде и подвижен поради морфолошки причини каде што има разликување на членуваната форма за еднина од формата за множина.

– подвижен акцент: дрвáр – дрвáре : дрваре – дрваре то;

офчáр – офчáре : офчаре – офчарéто.

За повеќе информации посетете го овој линк.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *