Точка

 Што е точка | Архива на настани | Графички материјали |

 



Дебата на тема: Проституцијата: „општествено зло” или „комерцијална дејност”?

По прикажувањето на четирите филма во октомври на тема „проституција” во просториите на „Точка”, во вторник на 08.11.2005 год. во 20.30 часот, ќе се одржи критичка дебата на тема: Проституцијата: „општествено зло” или „комерцијална дејност”?

 


Ве покануваме да учествувате на критичката дебата на која ќе присуствуваат гости од неколку невладини организации. По дебатата, публиката ќе има можност да им поставува прашања на поканетите гости во врска со темата. Имајќи предвид дека станува збор за контроверзна тема, организаторите апелираат до учесниците да овозможат максимално почитување на правото на изразување на индивидуалното мислење, што е неопходен услов за критичка и аргументирана расправа на било која тема.

Прикажаните филмови се:


Куса содржина
Еден локален макро шетајќи се центарот на Сеул забележува студентка од средната класа како седи на една клупа во парк. Привлечен од нејзината убавина, тој седнува до неа, но откако ќе го забележи, таа си заминува. Навреден од оваа постапка, а истовремено силно привлечен од нејзината убавина, тој развива план да ја спушти да неговото ниво и да ја направи проститутка.




ЧИТАЈТЕ:
...
за филмот „Лошо момче“ од Ким Ки-дук (мк)


Курва е филм на Расел од 1991 година, во кој авторот експериментира со актерката Тереза Расел која зборува директно во камерата. Главната хероина е изморена од тоа да ги дава своите пари на макрото и се обидува да ја изгради својата независност. Филмот, кој главно се развива преку флешбекови, ја истражува силната врска меѓу криминалот и страста. Цензурираниот наслов на филмот е Ако можеш да го кажеш, едноставно кажи го.





ЧИТАЈТЕ
:
...
за филмот „Курва“ на Кен Расел
(eng)


Дејствието на филмот се случува во Јапонија, во 1958 година, и ја раскажува приказната за Токико, девојка што сонува да стане гејша. Таа оваа професија ја гледа како начин своето семејство да го извлече од бедната економска ситуација. Преку нејзините очи ги гледаме правилата и сложените финансиски врски што го диктираат водењето на една куќа со гејши. Филмот на Фукасаку е трогателно и занесно истражување на дел од јапонската култура кој во голема мерка е фасцинантен и контроверзен.



ЧИТАЈТЕ:
...
за филмот „Куќата на гејшата
(мк)
...за режисерот Kinji Fukasaku
(мк)


Во овој филм една студентка по антропологија ја истражува природата на проституцијата и притоа открива некои аспекти од префесијата за која порано не била свесна. Главните улоги ги играат Дерил Хана и Денис Ричардс, а филмот трае 1 час и 44 минути.







ЧИТАЈТЕ НА:
...
за филмот "Yo Puta" на Марија Лидон
(eng)


Неколку информации од официјални државни служби во врска со проституцијата во Република Македонија

 

 
 Контрапункт | Точка | Слевање на маргините | Маргина | Галерија |