За МВР, проституцијата е
„социолошко-патолошка појава” (www.mvr.gov.mk). За Јавното обвинителство
проституцијата е „општествено зло” или „појава со изразено негативно општествено
значење”. Според обвинителството, постојат повеќе причини кои ја оправдуваат
борбата против проституцијата:
► таа е во длабока
спротивност со општо прифатените морални и социјални норми;
► го повредува
човековото достоинство, зошто го изедначува човекот со секоја друга стока на
пазарот;
► проститутките се легло
за заразни болести;
► штом ќе престанат со
својот “занает” во поголемиот дел тие паѓаат на товар на општеството, стануваат
социјални случаи;
► проституцијата врши
штетно влијание врз правилниот развиток на младината;
► блиску се врските
помеѓу оваа појава и криминалитетот како што се убиства, тепачки, кражби, дрога,
измами и други напади врз “клиентелата”.
Во нашето кривично право, проституцијата не е кривично дело. Под ударот на
кривично правната интервенција доаѓаат само некои поведенија во врска со
проституцијата, по правило оние што значат поттикнување, подржување, намамување
на женски лица да се занимаваат со проституција, врбување, онаа што главно е
опфатено со поимот “бело робје”. Поточно, инкриминирано е само посредување во
вршење проституција, содржано во чл.191 од Кривичниот законик каде како заштитен
објект, како и во останатите кривични дела од оваа Глава се има половиот морал,
односно правилата за моралот од сферата на половите - сексуалните односи,
детерминирани со поредокот, обичаите и општите морални сфаќања, а во тие рамки
најнепосредно и борбата против проституцијата.
(http://www.jorm.org.mk/inf20-03-01.shtml)
|