Ким Ки-дук е
еден од најоригиналните и воедно најконтроверзните кореански режисери во 1990-тите.
Филмот Лошо момче (2001) е неговиот можеби најпопуларен и најконтроверзен филм кој
во Кореа предизвикал скандал и реакција од голем број на феминистки кои го критикувале
филмот како јасен пример за машкото насилство врз жените во филмската уметност.
Приказната за нем криминалец кој киднапира девојка од колеџ и ја принудува на проституција
е базата на филмското дејствие, но филмот е воедно и приказна за двајца љубовници
на работ на човечките односи или едноставно приказна за опсесијата, но можеби и
слика на еден свет од соништата каде мрачните желби (кои, да, постојат во секој
од нас) стануваат реалност... останува на вас да просудите.
Читајте повеќе за филмот и режисерот на Internet Movie
Database:
http://www.imdb.com/title/tt0307213/