Точка

 Што е точка | Архива на настани | Графички материјали |

 



Промоција на книгата Големиот куфер од Иван Додовски

Во петок, 28.10.2005 во 20:00 часот во културниот центар Точка ќе биде оджана промоција на книгата Гелемиот куфер од Иван Додовски во издание на Темплум. Промотори ќе бидат Благоја Иванов и Владимир Мартиновски.

 


Расказите на Иван Додовски се истражување на човечката егзистенција во преломно време на конкретен простор. Низ призмата на сегашниот миг се прекршуваат и минатите времиња, па често времето на транзицијата е точка во која се сечат линиите на надежите на револуцијата, разочарувањата на четириесет и осмата, живее-њето и преживувањето во периодот на социјализмот. Низ расказите дефилира галерија ликови што авторот ги портретира гротескно и хиперболично, онеобичувајќи ги така нивните судбини. Ликовите секогаш се во сооднос со моќта (сфатена на начин на кој за неа пишува Мишел Фуко), но дури и кога ù се спротивставуваат, тие се однесуваат според правилата што таа ги пропишува, станувајќи дел од нејзината машинерија.

Прозата на Додовски е обли-кувана со вешто користење на јазикот, со богатство на лекси-ката и со виртуозно поигрување со реченичниот ритам.

Естетското рамниште на раска-зите од Додовски им обезбеду-ва важно место во новите текови на македонската проза.

Гоце Смилевски



ЧИТАЈТЕ:
...
од ресензијата на Гоце Смилевски

... белешка за авторот

 
 Контрапункт | Точка | Слевање на маргините | Маргина | Галерија |