24.12.2003, Културен
центра Точка
ГОРДАНА ВРЕНЦОСКА - ПРЕПИСКА,
изложба
На
24 декември во просториите на
Културниот центар Точка
се отвори изложба на Гордана
Вренцоска со наслов Преписка |
Авторката
во овој
проект,
за разлика
од досегашните
во кои
ги решава
личните
дилеми,
се јавува
како
катализатор
на колективните
пораки.
Во овој
свој
комплексен
проект
Вренцоска
ја изразува
својата
критика
на глобалното
и на
локалното.
Разгледниците
преку
кои
се врши
деконструкција
на пораките,
укажуваат
на стратегиите
за губење
на индиивидуалноста
на смислата,
облиците
на нејзината
размена
и потрошувачка,
вредностите,
значењата.
Прикажувањето
е засновано
на цитирање,
монтажа,
колаж,
симулација;
целиот
проект
изобилува
со асоцијативни
објекти-симболи,
иконички
и параиконички,
знаци
и метафори,
а нагласените
поп-артистички
формални
решенија
(асамблаж,
реадѕ-маде)
повторно
се во
служба
на критиката
на консумеризмот.
ГОРДАНА
ВРЕНЦОСКА
- биографија
Родена 13.05.1973
година во Виница, Р.Македонија.
Средно уметничко училиште завршила
во Скопје, отсек: применет текстил.
Дипломирала 1997 година на Факултетот
за ликовни уметности, отсек
сликарство, насока модно креирање

Самостојни
изложби:
1996 Моден
перформанс
во склоп
на годишната
студентска
изложба
на ФЛУ
1999
Пробивање изложба
на компјутерски
графики,
ЦИЏ галерија
при Сорос
центар
за современи
уметности.
2000 Бескрајна
приказна
просторна
инсталација,
ЦИЏ
галерија
при Сорос
центар
за современи
уметности.
2002 Ноктурнус
слики-цртежи,
ЦИЏ
галерија
при Сорос
центар
за современи
уметности.
2003 Преписка,
слики,
цртежи,
објекти,
Културен
Центар
Точка
Учествувала на 25 групни изложби во
Македонија и странство.
е-маил: gvrenco@yahoo.com
од
рецензијата на Маја Чанкуловска...
Круцијалниот
елемент во најновиот проект на
Гордана Вренцоска, насловен како Преписка
е комуникацијата, односно размената
на информации. Во случајов
коресподенцијата/преписката се
разгледува во нејзиниот негативен
аспект, како строго деловен процес,
без дијалог, како еднострано
испраќање информации
|