Точка

 Што е точка | Архива на настани | Графички материјали |

 



20.01.2003, Културен центра Точка

Јана Манева Чупоска - Книга на снимање "Мост", изложба

од рецензијата на Маја Чанкуловска...

Проектот Книга на снимање "Мост” на Јана Манева Чупоска е составен од неколку делови пренесени преку различни медиуми - видео, фотографии и текстуален дел, кои функционираат сосема независно од играниот филм "Мост”. Носител на проектот е видео записот, инспириран од главната режисерска идеја (наслов) на споменатиот филм, но за разлика од него не раскажува фиктивна приказна/мит, туку, пред сè, поаѓа од документирањето на едно реално случување - снимање на филм и може да се определи како "филм за филмот”.

Главната
идеја на овој проект е поврзувањето. Најизразената метафора на основната тема - мост како поврзување, конкретизирана и во Книгата на снимање "Мост”, е претставена преку повеќе ситуации: скици на сцените кои се претопуваат во сцени од филмот, подготовки за снимање поврзани со сцени од природата, толкувања на глумците/учесници во процесот на снимањето и интерпретации и реакции на случајните минувачи на истата тема со нагласена симболика... - поврзување на филмот и секојдневието, реалното и имагинарното.

Почетната документарна насока на проектот продолжува делумно и во поголемиот број фотографии. Текстуалните сегменти, преку кои се врши одредено "групирањена фотографиите, овозможуваат поинаков вид на нарација и толкување. Ваквата текстуална форма го збогатува и надминува чистиот документарен пристап на буквална и фактичка спецификација, опис, објаснување и прикажување на одредено случување со ограничено време на траење. Кратките универзални пораки (љубов, маж-жена, игра, простори (и) време, ликови, лица, femina средба, сеќавања, погледи, пријателства, дом, семејство, приказна за пушката, движење, пат, режија, игра, јас, отуѓеност...) кои се вклучени во проектот не со намера да му се наметнат на гледачот, нудат мноштво на можни асоцијации. Со тоа мусе остава простор самиот/самата да ја перцепира и да ја протолкува темата на свој начин, исто како што Јана Манева Чупоска преку Книга на снимање "Мост нуди свој личен запис - видување за филмот "Мости неговата идеја.

Маја Чанкуловска

 

 
 Контрапункт | Точка | Слевање на маргините | Маргина | Галерија |