од рецензијата
на Маја Чанкуловска...
Гордана Вренцоска - Преписка
(слики, цртежи, објекти)
Круцијалниот
елемент
во најновиот
проект
на Гордана
Вренцоска,
насловен
како
Преписка
е комуникацијата,
односно
размената
на информации.
Во случајов
коресподемцијата/преписката
се разгледува
во нејзиниот
негативен
аспект,
како
строго
деловен
процес,
без
дијалог,
како
еднострано
испраќање
информации.
За разлика
од досегашните
проекти
во кои
ги решаваше
своите
лични
прашања,
тука
авторката
се јавува
во улога
на катализатор
на колективните
пораки.
Ако
како
урнек
ја земеме
Екоовата
комуникациска
шема,
според
која
се одвива
кој
и да
е процес
на комуникација,
првичниот
код
од изворот,
за да
стигне
до примателот,
мора
да помине
преку
приемникот.
Декодирањето
на изворната
порака
во овој
случај
не ја
врши
примателот,
туку
приемникот
(уметникот-пречистувач-трансформатор)
кој
ја разобличува
истата.
Разгледниците
преку
кои
се врши
деконструкцијата
на пораките,
укажуваат
на стратегиите
за губење
на индивидуалноста
во глобални
и локални
рамки
преку
сложените
механизми
на
"мегакултурите"
и
"колективните
митови":
производството
на смислата,
облиците
на нејзината
размена
и потрошувачка,
вредностите,
значењата...
Прикажувањето
е засновано
на цитирање,
монтажа,
колаж,
симулација;
изобилува
со асоцијативни
објекти-симболи,
иконички
и параиконички,
знаци
и метафори,
а нагласените
поп-артистички
формални
решенија
(асамблаж,
реадѕ-маде)
повторно
се во
служба
на критика
на консумеризмот.
Ако
ги земеме
предвид
основите
на поп-артот
за промоција,
а во
исто
време
и критиката
на масовната
уметност
и култура
на живеење,
станува
јасно
зошто
авторката
се одлучила
за овие
стилски
референци.
Но,
за разлика
од поп-артистичкиот
апологетски
пристап
кон
амблемите
на потрошувачките
производи
и националните
симболи,
во овие
пост
поп-арт
дела
е означена
нивната
потрошена
смисла
во општествената
размена
на вредности
и идеологии;
заведувањето
на тоталитарниот
предметен
фетишизам
и Бодријаровиот
хипермаркет,
а со
него
и
"нултиот
степен
на смислата
(рекламата)"
деконструиран
преку
нагласената
иронија;
а нагласено
е и
барањето
(кроењето,
формирањето)
на загубениот
идентитет
и на
функцијата
на човекот
во општеството.
Во овој
комплексен
проект
Гордана
Вренцоска
ја изразува
својата
критика
на глобалното
и локалното.
Логиката
која
сеуште
има
форма,
но повеќе
нема
суштина,
добива
облик
на апсурдност,
бидејќи
"нема
веќе
надеж
за смислата...
смислата
е смртна...
привидите,
тие
се бесмртни...".
Преписка
е одраз
на нејзината
загриженост
против
губењето
на сигналите
на индивидуална
креативност
во светот.
|