Точка

 Што е точка | Архива на настани | Графички материјали |

 



15.12.2003, Културен центра Точка

Атанас Ботев Вид(ови)

На 15 декември во просториите на Културниот центар Точка се отвори изложба на Атанас Ботев со наслов Вид(ови). Вид(ови) е негова втора самостојна изложба и се состои од 6 интерактивни графики.


биографија - Атанас Ботев
Атанас Ботев е роден 1973 година во Скопје. Дипломирал на Факултетот за ликовни уметности во Скопје, во класата на проф. Костадин Танчев - Динка. Магистрирал 1999 година на истиот факултет. Од 2000 г. е член на Друштвото на ликовни уметници на Македонија. Учествувал на повеќе групни изложби


од рецензијата на Сузана Милевска...

Вид(ови) на гледање

Сетилото за вид, поточно културната детерминираност на видот, како и проблемите на перцепцијата, се главната преокупација на Атанас Ботев во неговиот најнов проект наречен Вид(ови). Започнат уште во 2002 година како серија на графики кои пред се ја истражуваа визуелноста на различните знаци кои се употребуваат во тестовите за определување на диоптријата, проектот Вид(ови) постапно прерасна во истражувачки проект кој резултираше и со извесни парадоксални откритија за визуелната култура.

 

 
 Контрапункт | Точка | Слевање на маргините | Маргина | Галерија |