Графити во Кавадарци: уличната уметност низ призмата на UNC

Графитите во Македонија имаат богата историја, а нивниот развој низ годините е фасцинантен приказ на поп-културата и урбаната уметност. На нашиот портал арно.мк во многу наврати сме пишувале за овој феномен, преку нашите графити-приказни, создавајќи група „Графит.мк“ и плакат со времеплов кој го мапира развојот на македонската графити сцена од 1995 до 2025 година. Иако графитите во земјава постоеле и пред 1995 година, модерната ера, под влијание на американската графити и скејт култура, како и формирањето на првата екипа Biosquad, започнува токму тогаш – во Скопје. Но, што е со другите градови?

Графити во МК надвор од СК?

Охрид, на пример, од 1998 година развива богата графити култура, заедно со Струга, Куманово (дом на „Графити фест“), Битола (со одличните Hybrid Minds), Гевгелија (GRFC CREW) и, се разбира, Кавадарци (UNC). Овие градови го носат својот уникатен печат во македонската графити приказна, а сето тоа е дел од нашиот Графити времеплов.

Плакатот не е совршен и дефинитивен – многу цртачи можеби нема да се согласат со него – но затоа ги повикуваме сите заинтересирани да се вклучат, да споделуваат информации и да помогнат во градењето на архивата на македонската поп-култура. Контактирајте нè на contact.arno.mk@gmail.com, а целиот плакат можете да го видите тука!

Куса историја на UNC во Кавадарци

Денес го ставаме фокусот на Кавадарци и екипата UNC – име кое одекнува низ улиците на овој град, но и пошироко. UNC првично е основана во 2006 година од денес реномирани цртачи и тату-мајстори како Tac/Tacizam, Smile/Rain и NAME. Оваа оригинална постава поставила солидна основа за графити сцената во Кавадарци, а нивното влијание се чувствува и денес.

Во 2020 година доаѓа до реинкарнација на UNC. Група млади ентузијасти го преземаат името и почнуваат заедно да творат, носејќи свежа енергија во Кавадарци. Членовите на новата генерација – JANE, Mars, Burek/Kerub, Piper, Nola/Alone/Srba, Borat и Monk – брзо го прошируваат своето присуство, а нивните имиња стануваат сè повидливи, не само во Кавадарци, туку и на улиците на Скопје.

Во неколку наврати во 2024 година ги претставивме во нашата група Графит.мк.

Burek/Бурек/Kerub

JANE

MONK

Borat 

Srba

Rain

UNC

Најновите графити од UNC во 2025 година

UNC ’25 „Среќни празници“
Тагови
: Бурек, Jane, Борат, Monk, Rain, Mars, Tacizam, Boro
Локација: Градски стадион, Кавадарци

Jane, Rain, UNC 2025
Локација: Новиот автопат Градско-Прилеп

Jane 2025 Nasto Maalo ACAB
Локација: Спортска сала „Јасмин“, Кавадарци

UNC + Тагови
Локација
: Винарија Тиквеш, Кавадарци

Графитите на UNC не се само уметност – тие се приказ на заедништвото, креативноста и континуитетот на една сцена која продолжува да се развива. Од Кавадарци до Скопје, па и пошироко, овие цртачи оставаат трага која ја збогатува македонската урбана култура. Следете ги нивните дела, поддржете ги овие млади цртачи и придружете ни се во документирањето на ова движење!

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *