ГРРФТ – магазин за графити и урбана култура

ГРРФТ е независен македонски магазин посветен на графитите како форма на визуелна комуникација, урбана уметност и културен документ. Магазинот ги истражува графитите не само како естетски израз, туку и како сведоштво за времето, градот и генерациите што ги оставаат своите траги на јавниот простор. Магазинот произлегува директно и главно од активностите на групата Графит.мк и порталот Арно.мк.

ГРРФТ магазинот се фокусира на графити и улични интервенции во Скопје и други градови во Македонија, со повремени осврти на регионалната и меѓународната сцена. Содржината комбинира документарна фотографија, авторски текстови, есеистика и архивски пристап.

Концепт и уредувачка насока

Магазинот пристапува кон графитите како кон урбана археологија – слоевит процес на создавање, бришење и повторно испишување на градот. Посебно внимание се посветува на:

  • историјата и еволуцијата на локалната графити сцена
  • односот меѓу уметноста и вандализмот
  • социјалниот и политичкиот контекст на графитите
  • исчезнати, префарбани или уништени дела
  • нови генерации автори и нивниот визуелен јазик

ГРРФТ не е водич за цртање графити, туку културно-документарен магазин со истражувачки и архивски карактер.

Формат и периодичност

ГРРФТ е периодична публикација во нумерирани броеви. Секој број претставува самостојна тематска или документарна целина.

  • Формат: дигитален и печатен магазин (PDF / веб-издание)
  • Јазик: македонски
  • Периодичност: еднаш годишно
Издавач и уредување

Издавач: Капка ТП Скопје
Главен уредник: Бранко Прља
Редакција: Бранко Прља, Го Це Тунт, Небојша Гелевски – Бане, Берт Стајн, Исак Сима, Вики Ли

ГРРФТ е независен проект, без институционално финансирање, создаден со цел долгорочно архивирање и документирање на урбаната визуелна култура.

Архива на броеви

#1 2024

Содржина:

  • Познати МК графитџии
  • Графити кои ги нема
  • Графити од другата страна на Вардар
  • Најголем графит во Македонија!?
  • Графит-приказна за Раjна Мичуринска
  • Има ли во Скопје стeнсили?
  • Најбројни графити
  • Навивачки графити
  • Муралот како посвета…
  • Ангажирани графити
  • МК книга за графити
  • Симболи
  • Други градови?
  • Уметници стануваат графитџии
  • Бетонски ѕитчиња
  • Продавница за графитџии
  • Градежен факултет
  • За краj… мапа на графити

#2 2025

Содржина:

  • ХРОМ: приказна за еден урбан графитџија и неговиот графити шоп во скопје
  • ВУТАР: Скопје во тагови и рими: Вутар од ЕБСФ
  • РАСК: Разговор со бељаџијата RASK, цртач на графити од екипата ЕБСФ
  • Графити времеплов: 30 години македонска улична уметност
  • Зипер: Од празен ZIP фајл до DreadCrew: разговор со графити цртачот Зипер
  • Графит.мк: 1 година од архивата на СК/МК графити
  • UNC: Графити во Кавадарци: уличната уметност низ призмата на UNC
  • АРИС: галериjа на графити цртачи: арис
  • SRK: Галериjа на графити цртачи: SRK
  • Зорк 31: геометрија што оживува на ѕидот
  • Берт Стајн: „Ѕидови што зборуваат: графити приказни од скопските улици“
  • Дамир Ујкановиќ: интервју со дамир ујкановиќ: уметност од прашина
  • Графити Маало: Графити Маало, уметноста и вандализмот „во филм“
  • Графити и возила: симбиоза на уметност и урбано движење
  • Графити какo сценографија: спотот Bolji Zhivot на Dre x Puka Kozmetika x DJ Slave

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *