Во нашата нова група „Графит.мк“ споделуваме графити од Скопје и Македонија. Преку групата се обидуваме да изградиме архива на графити и да ги промовираме графити-уметниците. Освен во групата, планираме и преку нашиот портал да споделуваме интересни графити приказни.
Денес со вас ја споделуваме приказната за Рајна Мичуринска, маалско мичуринско куче.
Приказната во групата ја сподели Zharko Chi Maslarkovski. Според него, Рајна живеела околу 20 години на улиците на Мичурин, најчесто пред Зур Маркет. Затоа и некои луѓе ја викале Зурка, а бидејќи многу лежела, децата ја викале и Лења. Графитот посветен на Рајна го направи познатиот уметник Драш на иницијатива на една „тетка“ од маалото која најмногу се грижела за кучето.



Починала во сообраќајна незгода, инаку без некои болести можела да истера уште неколку години, дополнува Жарко, кој е и автор на фотографиите.
Прочитајте повеќе за приказната тука.