Дрисла Скопје го дрибла!

Проблемите со депонијата Дрисла се нешто за што се зборува со децении, уште од нејзиното отворање во 1994 година. Тогаш жителите на Драчево протестирале против изградбата, но независна Македонија не им посвети внимание.

Тогаш било предвидено дека депонијата ќе се наполни за 30 години, т.е. во 2024 година. Денес надлежните велат дека депонијата има капацитет за уште 3 децении… Дали тоа значи дека Дрисла ќе работи (неправилно) до 2054 година!?

Во меѓувреме проблемите настануваат со увозот на недозволен опасен отпад од разни земји кои сакаат да се ослободат од него по нелегален пат. Отпадот се депонира неправилно, се пали и го загадува воздухот, почвата и реките.

Властите, новинарите и многу безимени херои од жителите многу пати укажале на неправилности, но освен „плескање со стапче по рака“ Дрисла не била сериозно казнета или спречена.

Овој пат реагира еден локален херој Сених Браховиќ, кој застанува пред силите на темнината, за доброто на сите. Тој организира протести, информира луѓе, зема примероци од загадената Маркова река, поставува мерачи на загадување во Батинци и околу Дрисла и ги контактира сите надлежни институции и организации за проблемот.

Оштетени се жителите на околните места и населби кои бројат повеќе од 50.000 луѓе. До кога ќе трае ова никој не знае. Борбата продолжува!

Како мал придонес за ширење на зборот, направивме графичка приказна од овие настани како дел од нашиот серијал визуелни стории за градот Скорне (Скопје). Претходните броеви можете да ги видите тука и тука.

(Линковите користени во истражувањето се на крајот на стрипот)

Сајтот на Дрисла

Во „Дрисла“ не се селектира и рециклира отпад, иако Скопскиот регион создава најмногу ѓубре

Како на Дрисла ѝ било дозволено да изгори илјадници килограми опасен отпад?

Senih Brahovic

Видео: Чад од Дрисла

Видео: Маркова река 1/ Маркова река 2 / базени /

Диви депонии

Протести против депонијата „Дрисла“

Еколошка катастрофа

Кој ја загадува Маркова Река!?

И Драчево е Скопје!

Zaedno za Promena

AirCare

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *