Дизајнирајте свое Југо со помош на ChatGPT!?

Пишувавме за GPTs, а пишувавме и за Југовците – сега е време да ги споиме двете теми! Но, како?

1. Запалете го југото… пардон ChatGPT Plus

GPTs (Генеративни претходно обучени трансформатори) во ChatGPT Plus (за жал, платена верзија) приспособени верзии на ChatGPT кои можете да ги креирате за одредена цел. Еден од нив е Hot Mods. Овој GPT ви овозможува да ги зачините вашите слики. Може да поставите слика и да дозволите Hot Mods GPT да ја измени за да одговара на вашите идеи.

2. Аплоадирајте слика

Тука го спојуваме Југото со оваа тема. Ја аплоадиравме оваа слика.

3. Потоа внесете наредба

Ние пробавме со: „модифицирај го овој автомобил во дерби тркачки стил.“ И го добивме ова:

Тркачко Југо

Потоа се обидовме со други стилови.

Електричен Југо
Спортски Југо
Уште еден спортски Југо

Се разбира овој GPT не е совршен. Јасно е дека е трениран на одреден вид слики и дека суптилните финеси на дизајнот на Југото не му се познати. Но, исто така се гледа и дека се труди и создава интересни верзии на автомобилите врз основа на дадениот инпут (сликата) и тоа е интересна употреба на технологијата.

Со мало дополнување на наредбата, во која објаснивме за кој вид автомобил се работи, дека е Југо и кои се неговите карактеристики, овој пат побаравме футуристичка верзија.

Футуристички Југо

Добивме и коментар: „Еве го замислениот футуристички поглед на автомобилот Југо, кој вклучува напредна технологија и елементи на дизајнот додека ја одржува неговата класична силуета.“

Потоа побаравме истиот автомобил да го постави во дистописки сетинг. Што добивме?

Дистописки Југо

Автомобилот е веќе сосема сменет. Се поставува прашањето дали дизајнот е веќе генерички за автомобил од далечна дистописка иднина, или АИ работи под претпоставка дека дизајнот на југото толку би се сменил во тој временски интервал. Коментарот е: „Футуристичкиот автомобил Југо сега е сместен во дистопискиот иден пејзаж. Се издвојува како светилник на напредна технологија наспроти позадината на светот кој бил и подобро.“ Барем заштитната црвена боја на Југото е сочувана!

Но, да се обидеме да добиеме еден поавтентичен амбиент за Југото, да речеме дистописка иднина во Скопје, Македонија?

Македонско-дистописки Југо

Автомобилот Југо сега е замислен во дистописка идна верзија на Скопје, Северна Македонија, одржувајќи рамнотежа помеѓу неговиот оригинален дизајн и футуристичките адаптации. Поставката околу неа ги одразува карактеристичните архитектонски и културни остатоци од неговото социјалистичко минато.

Ја изгубивме оригиналната боја, и дизајнот отиде јабана, но добивме пореалистичен дистописки сетинг за иднината. Го замоливме да ја корегира бојата и да го извади „Северна“, зашто кој знае како ќе се вика нашата држава во далечна иднина, и да се наврати на оригиналниот дизајн. Го добивме ова.

Дистописко-кинеско југо

Дистописката иднина на Македонија очигледно е кинеско-социјалистичка.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *