Борба помеѓу лав, горило, гризли и тигар – кој би победил?

Во епизодата 2098 од The Joe Rogan Experience, Џо дискутира со комичарите Шејн Гилис и Мет МекКускер за тоа кој би победил во хипотетичка борба помеѓу лав, горило, гризли и тигар.

Тука реферираат на подкаст водителот (и АИ истражувачот) Лекс Фридман кој, интересно, вакви дебати имал неколку пати, со неколку џиуџицу инструктори Џон Данахер, Роџер Грејси и Крег Џонс.

Ние се решивме да ги прашаме ChatGPT и Gemini поради богатството информации со кои располагаат тие, како и способноста да ги анализираат и интегрираат. Одговорот е ваков.

Во директна конфронтација, мечката гризли се издвојува поради огромната големина, сила и издржливост, што потенцијално ѝ дава предност против другите. Тигарот најверојатно би бил негов најблизок конкурент, а големината и подвижноста би биле во негова корист.

Колку за споредба лав и горило тежат околу 200 кг, а гризли мечка и тигарот околу 270 кг. Ако направиме споредба на сила на гризнување лав и горило можат да сила од приближно 1300 њутни, гризли 3.600, а тигар 4.450 њутни.

Во однос на сила на мускулите пресметките не се толку лесни, бидејќи треба да се земат повеќе фактори во пресметката (сила на кревање, влечење, туркање, удирање), но ако веќе мораме, пресметките за тоа колку кое животно би можело да крене повеќе „на бенч“ се овие: мечка, лав и тигар околу 300 кг, додека горилото би можело да крене цели 800 кг!

Сепак, горилото нема канџи, што е голем недостаток (под услов да не земе оружје, како во „Војна на планетата на мајмуните“), па во однос на силата на заби/канџи (на скала од 1-5) добива оценка 2, додека лавот добива 3, мечката 4, а тигарот максимални 5.

Тежина (kg)Сила на угриз (N)Физичка сила (kg)Сила на удар (N)Сила на заби/канџи (1-5)
Горило2001.300800 (кревање)15.0002
Лав2001.300300 (влечење)3.0003
Мечка2803.600300 (влечење)4.0004
Тигар2704.450300 (влечење)3.0005
Битно е да се забележи дека повеќето од податоците се проценки поради недостаток на директни мерења и се изведени од физичките способности на анализираните видови. Оценката за ефективноста на канџите/забите е врз основа на ефективноста и адаптацијата за лов или одбрана.

Ги запрашавме ChatGPT и Gemini, ако мечката и тигарот се слична тежина, а тигарот има предност во сила на заби и канџи, додека горилото има посилни екстремитети, зошто мечката се смета за хипотетички посилна.

Одговорот беше ова. Гризли мечките имаат значителна предност во однос на чистата физичка големина и сила. Дури и ако тигарот и гризли се со иста средна тежина, мечките генерално имаат поцврста фигура, со посилна скелетна структура која поддржува повеќе мускулна маса, особено во рамената и подлактиците. Оваа физичка сила е клучна во конфронтациите, дозволувајќи и на мечката да врши значителна сила и во напад и во одбрана.

Колку за споредба, рекордите помеѓу луѓето кои се тренирани за кревање се речиси 500 кг, а на удар 5.000 њутни, што не прави посилни и од лав, мечка и тигар – но не нѐ прави посилни во борба (освен ако сме наоружани, а најчесто сме).

Ако се прашувате, „а што е со поларните мечки?“ – само ќе кажеме дека можат да тежат до 1 тон и се физички посилни од гризли мечките (но, сепак имаат многу послаб угриз, од околу 1.200 њутни), па вие направете ги пресметките!

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *