РЕДИ рециклажа е општествено одговорна компанија. Пред речиси две години зборувавме за нив.
Нивната најнова акција за собирање на стара бела техника и друг електронски отпад ќе се спроведе на 29. март, петок од 09:00 – 17:00 часот, дирекно од вашата адреса.

Електронскиот отпад содржи опасни материјали и потребно е стручно и одговорно да се управува со него. Тоа го овозможува оваа акција, во која што е нагласено:
Дали имате електронски отпад што не ви е потребен?
Контактирајте нè, нашите зелени агенти ќе го превземат вашиот непотребен електронски отпад од вашата адреса. Станете дел од мрежата на зелени домаќинства и дозволете ни да го рециклираме вашиот електронски отпад најбрзо и нај ефикасно.
Што може да селектирате:
Стари и неупотребливи компјутери, монитори, лаптопи, мобилни телефони, телевизори, електрични апарати, кујнски апарати и други електронски уреди.
Акцијата ќе се изврши на 29ти март (Петок). Контактирајте ги РЕДИ рециклажа на 070/ 380 – 196 или пратете порака на фејсбук страницата на РЕДИ Рециклажа.
Заедно да го заштитиме и подобриме нашето опкружување!