Проектот OpenAssistant започна во декември 2022, кратко откако OpenAI го објави ChatGPT. На 15 април 2023 моделите на OpenAssistant беа официјално објавени, како и податоците за обука и отворениот код. Целта е создавање на асистент за вештачка интелигенција со отворен код со исти способности како ChatGPT.

Каде можете да го пробате OpenAssistant?
Достапни се моделите на OpenAssistant, податоци за обука и код. Ако сакате да ги пробате моделите може да го сторите тоа преку веб-интерфејсот OpenAssistant. Кодот и повеќе детали се достапни на GitHub. Моделите се достапни на Hugging Face.

Како е трениран OpenAssistant?
Тимот на OpenAssistant усоврши неколку јазични модели, вклучувајќи варијанти на моделот LLaMA на Meta и моделот Pyhtia на EleutherAI.
Најголемата варијанта е базирана на моделот LLaMA со 30 милијарди параметри. За разлика од ChatGPT, моделите не се дополнително подобрени со засилено учење со човечка повратна информација (RLHF). Истото важи и за моделите како Alpaca или Vicuna.

Проектот OpenAssistant има за цел да го демократизира истражувањето за усогласување
Истражувањето на вештачката интелигенција, особено во областа на големи јазични модели и нивното усогласување (адаптација кон човечките вредности) е ограничено на неколку истражувачки лаборатории.
Овој монопол на пристап до висококвалитетни податоци го поткопува потенцијалот за инклузивни и разновидни истражувачки потфати, особено околу предизвиците за усогласување. Овој проблем е суштински и е во коренот на барањето на Илон Маск за паузирање на истражувањата во АИ.
OpenAssistant, со своите објавени модели и слободно достапна база на податоци е обид да се демократизира ова истражување. Авторите на овој модел јасно се противат на пристапот на OpenAI да го направи развојот на сопствените јазични модели и изворите на податоци затворени.
OpenAssistant не го помина нашиот ултимативен тест на АИ – да напише панграм на македонски јазик
Го пробавме OpenAssistant со нашиот метод на „кршење кичма“ на АИ, т.е. му зададовме задача да напише панграм на македонски јазик.
За разлика од ChatGPT кој се мачеше да направи правилен панграм на македонски јазик, OpenAssistant се мачеше со нашата азбука и не произведе значајни резултати.

Моделот исто така прилично се кочи и одбива да продолжи со „муабетот“, но бидејќи се работи за open-source модел се очекува дека брзо ќе напредува и ќе ги надмине овие слабости.