Годинава се навршуваат 100 години од раѓањето на македонскиот поет и преведувач Ацо Шопов (1923-1982), еден од основоположниците на современата македонска книжевност.
Како дел од нашиот проект за подобрување на дигиталниот идентитет на Македонија досега направивме модели со помош на вештачка интелигенција на ликовите на Горан Стефановски, Петре М. Андреевски, Ѓорѓи Абаџиев, а сега и Ацо Шопов.



Овие материјали се слободни за преземање и користење во каков било материјал од дигитална или печатена природа. Нашиот поттик да го направиме ова беше заради разочарувањето кога сакате да создадете нов креативен материјал (статија, презентација, книгичка, видео…) за ликот и делото на некој наш деец и не можете да најдете ништо повеќе од официјалните фотографии! Со историските ликови е уште пострашно, се менуваат 2-3 прастари илустрации и тоа е тоа.
Моделите се направени со помош на апликацијата за машинско учење (вештачка интелигенција) наречена Stable Diffusion.
Целта на оваа статија е да ги поттикне нашите креативци да ги искористат алатките на вештачка интелигенција за повеќе вакви обиди за да се збогати и промовира нашето културно, уметничко, научно и интелектуално наследство кај нас и во светот. За дигиталниот идентитет, напред!
Подолу се наоѓа избор на некои од резултатите, а сите 160 можете да ги симнете тука!
ПС: Ликот на Ацо Шопов, со маркантните веѓи, на кои можат да парираат само тие на американскиот режисер Мартин Скорсезе, беше одличен за правење на модели со вештачка интелигенција.
















