Што нѐ очекува во 2024 година на полето на АИ? Никој не знае со сигурност, но она што може да се знае е дека моделите со природни јазици (LLM) и понатаму ќе се развиваат, како и Генеративната вештачка интелигенција (GenAI).
Двете нешта ќе наидат на се поширока примена во различни области, од здравството до образованието, преку роботиката и бизнисите. Се очекува поголема регулатива на вештачката интелигенција и построги закони за копирајт, како забрана за користење стилови на живи уметници.
Во однос на нашиот личен домен на интерес, најголемите промени и напредоци следат во однос на генерирање видео анимации, нешто што досега се одвиваше тешко и со бавни чекори. Главните тешкотии се во конзистенстоста на ликовите и стиловите. Се очекува овие да се надминат.

За жал ќе има и злоупотреба на технологијата во различни цели со правење на т.н. Deepfakes, уште една технологија на вештачка интелигенција која веќе има способност да направи видеа во кои поединци прават или кажуваат работи кои не ги правеле/кажувале.
Апликации за слика-во-видео
Направивме неколку експерименти со различни апликации за вештачка интелигенција за анимирање на статична слика и ова се резултатите во јануари 2024 година.
Ако се земе во предвид дека минатата година во јануари воопшто не постоеја апликации за генерирање текст од видео, се очекува до крајот на 2024 година генерираните видеа да не се разликуваат од реалните.
Со пореалистични фотографии се добиваат подобри резултати, но ние се интересираме за илустративниот стил и очекуваме подобрување на ова поле. Особено е тешко да се зачува конзистетноста на еден стил направен во една апликација (во нашиот случај во Midjourney) и тој да се пренесе на друга апликација. Тогаш е подобро да се користи комбинација од prompt и слика, но тоа повторно не гарантира идеални резултати. Leonardo.ai и Runway нудат генерирање слика преку нивните платформи и анимирање на истите. Еве ги експериментите од Леонардо кои ги правеше Небојша Гелевски.
Истите резултати можат да се користат за комбинирање медиуми и правење едукативни видеа, што е значајно за нашата држава која има минимална продукција на истите. Она што е значајно е дека видеата се прават со еден клик и импортирање на само една слика што го прави процесот екстремно лесен за корисникот.