Точка

 Што е точка | Архива на настани | Графички материјали |

 



"SK-320-IB", Ивана Драгшиќ
просторна инсталација
 

На 10.02.2006, во 21.00 часот, во просториите на Културниот центар Точка, ќе се отвори инсталацијата на Ивана Драгшиќ насловена SK-320-IB. Фокусот на проектот  e еден сегмент од урбаната проблематика – секојдневието и преживувањето низ сообраќајниот метеж на скопските улици.

 


Инсталацијата се состои од столбови со регистарски таблички, 25 различни броеви, всушност регистрации на возила кои претходно ја загрозиле нејзината безбедност. На различен начин поставени во двете простории на галеријата, тие ги претставуваат сообраќајниот ред и метеж, притоа попречувајќи нè слободно да се движиме низ просторот, доловувајќи ја атмосферата на урбаниот метеж. Дел од поставката е и книга, во која се допишани броеви на регистарски таблички. Посветеноста со која авторката ги бележела бележи овие броеви предизвикува смирувачки ефект, која стои наспрема фактичката граѓанска тензија која се создава при реалната неможност да се реагира до повисоките, надлежни политички инстанци. Просторната инсталација на Ивана Драгишиќ се карактеризира зо суптилен, минималистички пристап, низ кој се отсликува студеното и резигнирано соочување со последиците и со ситуацијата, која секогаш се чини безизлезна.

Во овој случај, најизразен е интимниот интерес за активизам преку уметничка форма. Самото дело е производ на сеприсутната апатија и повикува на будност, акција и реакција кон овој аспект од градското живеење. Го отвора прашањето за будењето на свеста и потребата од општествено дејствување. Дури и еден мал чекор е повеќе од ниеден!

Оваа поставка не претендира да ги реши проблемите, туку доста скромно, сака да ги потенцира, да гради свест за нивното постоење, за нашето игнорирање на сето она што секојдневно ни се случува.

Елена Велјановска



Биографија
на Ивана Драгшиќ
Ивана Драгшиќ за своето дело
Слики од изложбата "SK-320-IB"

 

 

дома

 
 Контрапункт | Точка | Слевање на маргините | Маргина | Галерија |